Членовите на карате клубовите „Кочани“ и „Партизан“ постигнаа голем успех и освоија вкупно 31 медал на 23. Меѓународен турнир “Солидарност Опен”, што денеска се одржа во Скопје.
Карате клубот „Кочани’ на турнирот настапи со 13 натпреварувачи кои освоија 19 медали, а на крајот, во генералниот пласман во конкуренција на клубови, го освоија третото место.
Потврда за добрата подготвеност и одличниот настап е што каратистите освоија 7 златни, 4 сребрени и 8 бронзени медали.

Дополнителен куриозитет е што во две категории во финалните борби учествуваа каратистите на „Кочани“, односно се сретнаа четворица наши натпреварувачи, кои се бореа еден против друг за златниот медал.
Освојувањето на медалите е уште една потврда за посветената работа, тимскиот дух и квалитетот на кочанските спортисти. Од клубот им честитаат за успехот и изразуваат гордост за нивниот денешен настап во Скопје.

Карате клубот „Партизан“ на турнирот освои 12 медали, од кои 2 златни, 4 сребрени и 6 бронзени.
Прво место и златен медал освоија Анастасија Савева и Анастасија Данева, второпласирани во своите категории беа Дамјан Арсов, Лина Спасова, Милана Стаменкова и Јордан Иванов. На третото место со бронзени медали се најдоа Методиј Салтиров, Михаил Стојанов, Лука Манасиев, Михаил Стаменков, Ања Коцева и Илина Анастасова.

Успехот на КК „Партизан“ е уште поголем со оглед што за дел од натпреварувчите ова беше прв официјален настап на еден турнир.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






