Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Правдата не смее да биде само на хартија“ – порачаа родителите на настраданите во „Пулс“ на 39. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 март, 2026 17:55
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
„Правдата не смее да биде само на хартија“ – порачаа родителите на настраданите во „Пулс“ на 39. „Марш за ангелите“ во Кочани

Родителите на настраданите во пожарот во „Пулс“, Александар Наунов и Мита Тасева, упатија моќни и болни пораки до институциите, барајќи одговорност и крај на институционалниот молк за смртта на нивните деца.

Во своите обраќања тие јавно ги соочија властите со пропустите што доведоа до загуба на 63 човечки животи. Посочија на огромниот јаз меѓу декларативните заложби на МВР за „интегритет и нула корупција“ и фактичката состојба во обвинителниот акт.

-Пред неколку дена од Министерот за внатрешни работи слушаме планови. Слушаме за интегритет. За чесност. За нула корупција. За институции во кои граѓаните треба да имаат доверба. Од друга страна — стои обвинителен акт за вработени во МВР, а во него стои: дека во деновите пред трагедијата биле одобрени и спроведени контроли без целосна проверка на законските прописи и безбедносните процедури. Стои: дека не биле преземени соодветни мерки за заштита. Стои: дека не било спречено користење на непријавена пиротехничка опрема. Ова не се гласини. Ова не се претпоставки. Ова се наводи што сега влегуваат во судница. И меѓу тие два света — светот на зборовите и светот на фактите — стојат 63 изгубени животи, рече Наунов чија ќерка Надица загина во трагедијата.

За семејствата, „Маршот за ангелите“ е потсетник дека институциите постојат за луѓето и мора да бидат посилни од сопствените пропусти, за „ниту едно дете да не стане бројка“. Родителите изразија сериозна загриженост и поради одлуката на Советот на јавни обвинители да не ѝ го продолжи мандатот на обвинителката која работеше на случајот „Пулс“.

-Обвинителката Трајчева веќе работеше на случајот подолг период и е запознаена со сите негови аспекти. Во интерес на правдата, континуитетот и ефикасноста, сметаме дека нејзиното отстранување од предметот не е во корист на постапката. Советот на јавни обвинители се повикување на „правична застапеност“ за одредени членови на кои им го продолжува мандатот , додека на обвинителката Трајчева ѝ се ускратува да продолжи со предметот кој сама го водеше, ова отвора сериозно прашање: дали формата се става пред суштината — правдата? Затоа, јасно и гласно бараме: обвинителката да биде вратена на случајот. Ова не е прашање на поединец. Ова е прашање на систем и одговорност. 63 изгубени животи не смеат да станат предмет на административни одлуки без последици, додаде Наунов пред зградата на Јавното обвинителство и Основниот суд во Кочани.

Еден од најболните аспекти во нивната потрага по вистината е молкот на Судска медицина во врска со анализите за присуство на цијанид.

– Јасно прашавме: дали се направени хемиски анализи за присуство на цијанид? Прашање што не е техничко — туку суштинско. Прашање за тоа како и зошто умираа нашите деца. Во обдукциските наоди — тоа го нема. И затоа прашавме: ако не е испитано — зошто? Од Хемискиот факултет добивме одговор: тие испитувале само материјал што горел. Не и примероци од нашите деца. Нè упатија до Судска медицина. А таму — тишина. Не административно доцнење. Не технички проблем. Тишина. Во исто време, постојат сериозни наводи дека при пожарот се ослободувал цијанид. И ако тоа е точно — тогаш прашањето не е дали некој згрешил. Прашањето е: кој ќе одговара? Кога ќе погледнеме надвор од Македонија, гледаме дека институции можат да постапуваат. Можат да признаат. Можат да застанат зад граѓаните. А тука? Тука институциите се кријат зад молкот. Но ние нема да молчиме. Затоа што ова не е процедура. Ова не е хартија. Ова не е предмет. Ова се деца. И секој ден без одговор е нова неправда. Затоа денес не бараме — денес бараме гласно и јасно: одговор, вистина, одговорност, рече Тасева, чиј син Стефан е меѓу настраданите во пожарот.

Родителите се децидни дека нема да се повлечат сè додека некој не ја каже вистината, нагласувајќи дека ова е борба за тоа дали државата конечно ќе почне да одговара.

„Маршот за ангелите“ заврши со јасна порака: „Ако институциите молчат — народот ќе зборува“.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дискотека „пулс“трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
17°C
облаци
облаци
1 m/s, ESE
59%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?