Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

25 возрасни лица од Кочани добија свидетелства за дооформено основно образование

автор: Т. Ајтовски
17 април, 2025 12:43
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
25 возрасни лица од Кочани добија свидетелства за дооформено основно образование

На свеченост што се одржа во Локалната самоуправа на Кочани денеска на 25 возрасни лица им беа доделени свидетелства за дооформено основно образование, во рамки на проектот за дообразување што во текот на 2024 година го спроведе невладината организација „Ромалитико“. Беа доделени и 8 сертификати за негувателки на стари лица и 4 сертификати за монтери и сервисери на фотоволтаични панели.

Свидетелствата и сертификатите им ги врачи в.д градоначалникот Венко Крстевски, а беше нагласено дека проектот се реализира втора година по ред и е влезен во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани.

Лицата без основно образование, кои главно се од ромска етничка припадност, покажале голем интерес за дооформување на образовниот статус откако во 2023 година свидетелства добиле 12 возрасни граѓани.

-За потребите на проектот, заедно со „Ромалитико“, минатата година обезбедивме 400 илјади денари со што овозможивме основното образование да го комплетираат двојно повеќе лица. Во програмата за 2025 година повторно се планирани средства за оваа намена и очекуваме таа да се реализира до крајот на годината. Со оформување на основното образование ќе можеме да ги вклучиме во програмата за општинско корисна работа и да заработуваат, наместо единствен приход да им е социјалната помош, истакна Аника Горгиева Илијевска од Одделението за јавни дејности на Општина Кочани.

Од здружението „Ромалитико“ истакнаа дека со комплетирањето на основното образованието овие лица се поконкурентни на пазарот на труд и можат да обезбедат редовно вработување.

-Според официјалните податоци со кои располагаме, од околу 10 илјади невработени Роми на ниво на држава, кои се пријавени во Агенцијата за вработување, дури 90 % го немаат дооформено или воопшто немаат основно образование. Во претходниот период овој проект го реализиравме во 20 општини во државата, а минатата година вклучена беше само општина Кочани. Исто така, освен докомплетирање на основното образование, за неколку лица беше реализирана и обука за инсталатери на фотоволтаични панели и за негуватели на стари лица, за што тие денеска добија и соодветни сертификати, истакна Елвис Шакири, извршен директор на „Ромалитико“.

На свеченоста за доделување на свидетелствата беше нагласено дека голем проблем е што дооформувањето се одвива по старата програма до осмо одделение, а по воведувањето на деветолетката потребно е Министерството за образование и наука треба да изготви нова програма.

– Ние се соочивме со таков проблем при процесот кога ги мапиравме лицата, има лица родени после 2002 година и тие требаше да бидат опфатени со деветолетка ,но за жал државата сѐ уште немаше донесено програма и апелираме Министерството да ја донесе. Исто така, во месец мај, кога ќе бидат уписите за училиште, апелирам до сите родители да си ги запишат своите деца на училиште и во иднина да немаме ваков проблем, односно секој да си го заврши своето основно, средно задолжително, па и да има поголем број лица кои ќе завршат високо образование, истакна Јалќн Неџипов од Општина Кочани.

Задоволство од комплетираното образование и обука искажаа и лицата кои ги добија свидетелствата и сертификатите.

-Студирам на Факултетот за детективи и криминалистика при Европскиот универзитет, ми требаше сертификат и сега сум монтер и сервисер на фотоволтаици. Се надевам дека ќе можам да работам на мојата струка, истакна Симан Усеинов, учесник во проектот.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина кочаниосновно образование

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари
Кочани

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
1 октомври, 2026 08:30
0

Преку проектот за воведување мерки за енергетска ефикасност и подобрување на условите во образовниот процес, основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани ќе добие нова нова, термоизолирана фасада. Вкупната...

прочитај повеќе
Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
21°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, E
29%
768.07 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
чисто небо
20/15°C
чисто небо
21/10°C
чисто небо
19/8°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?