Денеска во Пракот на Револуцијата се одржа свеченост по повод Детската недела 2024, а во која се вклучија 280 првачиња од Кочани со што станаа членови на Детската организација.
Настанот го организираше Општина Кочани, а во забавно-музичкиот дел, координиран од ОУ „Св. Кирил и Методиј“, беа вклучени сите кочански основни училишта.

Свечениот чин за првачињата го поздрави градоначалникот на Љупчо Папазов, посакувајќи им да се дружат, да се запознаваат, да учат, да ги остваруваат своите права и да имаат среќно и безгрижно детство.

Неделата на детето, годинава се одбележува под мотото „Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство“.
Натамошните активности во рамките на одбележувањето на Неделата на детето се реализираат во самите училишта преку организирање на учениците и ученичките заедници.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.