41-годишен велосипедист од Кочани е тешко повреден и пренесен во болница по пад од велосипедот.
Според информацијата од МВР, во неделата, на 3 ноември, околу 13:20 часот во Полициската станица – Кочани било пријавено дека на кружниот тек на улиците „Димитар Влахов“ и „Глигор Апостолов Гочо“ 41-годишниот Ј.А. од Кочани, управувајќи велосипед паднал на коловозот.
Во несреќата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Кочани. Поради последиците од несреќата, увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР – Кочани.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.