Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

45. „Марш за ангелите“ – ако едно судско рочиште ја чини државата 100 илјади евра, колку чини изгубена матурска вечер и диплома што нема кој да ја земе

автор: Т. Ајтовски
6 јуни, 2026 20:27
во Кочани
време на читање: 5 мин.
A A
45. „Марш за ангелите“ – ако едно судско рочиште ја чини државата 100 илјади евра, колку чини изгубена матурска вечер и диплома што нема кој да ја земе

По четириесет и петти пат низ улиците на Кочани се слушна гласот на тагата, но и на непокорот.

45. „Марш за ангелите“, посветен на 63-те жртви од трагедијата во клубот „Пулс“, помина низ маршрутата од Паркот на Револуцијата, преку Трговскиот центар и Управата за јавни приходи, сѐ до Полициската станица и Основниот суд.

Пред зградата на Полициската станица, Розета Блажева, сестра на загинатиот Јорданчо Џамов упати критики за обидите во судскиот процес фокусот да се префрли на технички детали наместо на суштинската одговорност.

-Со секоја должност доаѓаат обврски, со секое овластување одговорност. Со секоја униформа очекување дека ќе се постапува професионално… Во судница слушавме расправа за минути. И во еден момент остана впечаток дека најголемата трагедија не е што 63 луѓе не се вратија дома, туку што часовникот не бил доволно прецизен. Прашањето не е што се правело откако почнал пожарот. Прашањето е дали било направено сѐ што било должност да се направи за до него воопшто да не дојде, истакна Блажева додавајќи дека постои огромна разлика меѓу стравот од пресуда и „животната пресуда“ што семејствата веќе ја добиле стоејќи пред гробовите на своите најмили.

Пред Основниот суд во Кочани, Александар Наунов, кој ја изгуби својата ќерка во „Пулс“, зборуваше за апсурдноста на судскиот процес каде „најголема трагедија излезе УСБ-то“, а не изгубените животи. Тој направи болна споредба меѓу финансиските трошоци на судењето и непроценливите загуби на родителите.

-Се зборува дека едно рочиште државата ја чинела 100.000 евра. Навистина, еве да пресметуваме тогаш, колку чини една изгубена матурска вечер, колку чини диплома што никогаш нема да се земе, колку чини свадба што никогаш нема да се случи? Колку чини празното место на масата, тишината во домот и навиката секој ден да очекуваш некого што повеќе нема да влезе низ врата, нагласи Наунов и праша како системот со години „премижувал пред толку неправилности“, и дека ако за Судот ова е предмет со број, за нив се 63 празни места.

Обраќање имаше и Васка Стојанова, која го изгуби својот син единец, при што упати критика за правниот систем што ја потресе целата присутна јавност.

-Едно прашање до судиите, до адвокатите и до јавноста – дали нашите деца се живи? Ако се живи нека ни ги доведат, ние да бидеме со нив и тие со нас, и нема повеќе никогаш да зборуваме ни за судии, ни за адвокати, ни за јавноста. Нема очи да им видиме. Нема ни во судница да влеземе, рече Стојанова.

На „Маршот за ангелите“ се придружи и бројна делегација од Скопје, составена од членови на Здружението на борците од општините Карпош и Кисела Вода, како и претставници на Црвениот крст. Во дворот на ОУ „Никола Карев“, тие засадија „дрво на надежта“.

Како симбол на трајната врска меѓу двата града, беше подарена книгата на сеќавања „Кочани – наша непремолчена болка“, а ученици од скопската гимназија „Никола Карев“, кои неодамна и самите изгубија соученици, читаа трогателна поезија.

Претседателот на Здружението на борците од Карпош, Владо Трајанов, порача дека семејствата не се сами во својата болка.

-Нека корените на ова дрво што го засадивме ја чуваат тагата, а гранките надежта. Сонот недосонуван, прегратките недокажани. Ние ја знаеме цената на жртвата и сега се чувствуваме повикани во не помала борба за правда. Да не дозволиме младоста да биде заборавена, вистината да биде видлива, да има име и презиме, а не да ја тераат водата дека тоа било несреќен случај, истакна Трајанов.

Маршот заврши со заедничко ветување дека борбата за достоинство и одговорност нема да престане сѐ додека вистината не излезе на виделина во целост.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: здружение на граѓани „16 март 2025 - кочани“трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
15°C
облаци
облаци
1 m/s, ENE
68%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?