Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

46. „Марш за ангелите“ во Кочани: Семејствата разочарани од Судот, бараат правда наместо „договорен исход“

автор: Т. Ајтовски
27 јуни, 2026 19:25
во Кочани
време на читање: 4 мин.
A A
46. „Марш за ангелите“ во Кочани: Семејствата разочарани од Судот, бараат правда наместо „договорен исход“

Со порака за незаборав и истрајност, во Кочани се одржа 46-тиот по ред „Марш за ангелите“, посветен на 63-те млади животи кои настрадаа во трагедијата во објектот „Пулс“.

Маршот тргна од Паркот на Револуцијата и освен тагата по најблиските, помина во знакот на остро незадоволство од текот на судскиот процес. Притоа, Александар Наунов, претседател на Здружението „16 март 2025 Кочани“ го изрази револтот на семејствата од последното судско рочиште, нагласувајќи дека судот дозволил хаос наместо достоинствено утврдување на вистината.

-На последното рочиште во судницата доживеавме нешто што не смееме и не можеме да го прифатиме, едно големо разочарување од страна на судот! Додека се презентираа доказите и се отвораа прашања за начинот на кој функционирал објектот пред трагедијата, за пропустите, контролите и одговорностите — наместо да се слушаат со внимание доказите, на одбраната и беше дозволено гласно по секој доказ да реагираат создавајќи неред во судницата, за да по наведеното преку поднесување за нас неосновано барање за изземање, да издејствуваат привремено отстранување од постапување на обвинителката Наташа Сарамандова сè до одлучување по нејзиното барање за изземање, истакна Наунов пред Основниот суд во Кочани.

Кај семејствата на настраданите во „Пулс“ постои оправдан страв дека се прави обид клучните докази да останат скриени од очите на јавноста, особено оние што укажуваат на пропустите на државните органи.

-Судот без реакција, за да создаде ред во судницата ѝ дозволи на одбраната – поедини миленици адвокати, да бидат гласни и да се издејствува презентирање на доказите на начин на којшто јавноста нема да биде запознаена за непостапувањето на органите коишто биле должни да постапат, со кое нешто би дошло до спречување на трагедијата. Но, наместо Судот да преземе дејствие за ред во судницата, укор и непочитување искажа кон оштетените, коишто даваме поддршка на обвинителката, во насока на нејзино охрабрување и продолжување по патот за откривање на вистината. Кон кого е потребно да се обратиме за контрола и правилен тек на судењето? Дали во оваа држава постојат надлежни за да не дозволат и овој судски процес да заврши со однапред договорен исход, позадински влијанија, прикривање на вистината наместо правда пред законот? Дали е потребно да се вклучат странски организации и Стразбур, праша Наунов.

Во својот говор, тој се осврна и на шокантните информации кои произлегле од досегашното судење, а се однесуваат на вработените во Министерството за економија и леснотијата со која биле издавани дозволи за работа на фаталниот објект.

-Од ова судење се доби впечаток дека обвинетите вработени од Министерството за економија можеле да издадат лиценца за кабаре дури и на викенд куќа, без размислување на последиците и смртните последици како во случајот во кој се обвинети, нагласи Наунов.

Посебно емотивно пред Судот беше обраќањето на Тања Тасева, која во име на родителите ја опиша неподносливата болка и стравот дека правдата може да биде изигнорирана.

-На последното рочиште, ние родителите почувствувавме длабоко разочарување и страв дека правдата за нашите убиени деца можеби нема да биде задоволена. Му порачуваме на Судот да ја заврши својата работа чесно, законски и праведно, затоа што ние веќе немаме сила да поднесуваме нови неправди. Ние сме родители кои го изгубиле највредното што го имале и живееме како живи мртовци. Не дозволувајте да ја изгубиме и последната надеж дека правдата постои. Нашите деца заслужуваат вистина, одговорност и правда, а ние нема да престанеме да се бориме за тоа, рече Тасева.

На крајот, тој порача дека семејствата на жртвите остануваат обединети и дека нема да дозволат процесот да се разводни или да се насочи во погрешен правец.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: здружение на граѓани „16 март 2025 - кочани“трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
15°C
облаци
облаци
1 m/s, ENE
68%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?