ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“ ги продолжува градежните работи за реконструкција на железничките премини во Кочани, што почнаа минатиот месец.
По целосното отстранување на дотраените делови и обновувањето на железничката опрема на преминот кај Основниот суд, направено е и планираното проширување на коловозот на булеварот „Никола Карев“. Со тоа одвивањето на сообраќајот сега е побрзо и побезбедно.
Модернизацијата на дел од железничката инфраструктура во Кочани ќе продолжи и со планираната реконструкција на преминот на улицата „Лазар Андонов“ кај Ветеринарната станица. Поради тоа, во периодот од 13 до 23 мај ќе има времена измена на режимот на оваа улица. Сообраќајот на делницата околу железничкиот премин ќе биде целосно затворен, а граѓаните и возачите ќе можат привремено да го користат коловозот што поминува под железничкиот мост и излегува на улицата „Глигор Апостолов – Гочо“ кај ОУ „Св. Кирил и Методиј“. Притоа треба да се има предвид дека таму постои физичко ограничување на висината на возилата што можат да поминуваат.
Од Општина Кочани упатуваат апел до сите учесници да го почитуваат сообраќајниот режим, во интерес на зголемување на безбедноста во сообраќајот.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.