Фондацијата „Tartan Army Children’s Charity“ („Scottish children’s charity“) од Шкотска донираше машина за одржување на тревата на фудбалскиот терен во Горни Подлог, каде тренираат и играат младите членови на Фудбалскиот клуб за деца „Фудбал старс“ од Кочани.
Претставници од шкотската фондација и од Амбасадата на Велика Британија денеска беа во официјална посета на клубот, при што му донираа косачка од марката „Husqvarna“ со која теренот ќе може полесно и подобро да се одржува.


Оваа хуманитарна фондација од Шкотска традиционално донира за развој на детскиот фудбал во земјите каде што гостува нивната национална репрезентација. Донацијата е реализирана како резултат на иницијативата на родител чии деца се членови на клубот, а во соработка со Британската амбасада во Македонија.
Раководството на „Фудбал старс“ изрази голема благодарност за иницијативата на родителот, како и до шкотската фондација и Британската амбасада за обезбедената опрема, со надеж дека оваа соработка ќе продолжи и во иднина.
©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






