Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кочани се соочува со лето без вода, „Водовод“ бележи фрапантни загуби во мрежата од над 76 отсто

автор: Т. Ајтовски
30 мај, 2026 11:03
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Известување од КЈП „Водовод“: Прекин во водоснабдувањето на сите потрошувачи поради дефект на напојувањето со струја на пумпите

Застрашувачки бројки според кои потрошувачката на вода за пиење го надминува капацитетот на градскиот водовод во Кочани беа изнесени на последната, 14. седница на Советот на Општина Кочани.

Според  официјалните податоци, но и од дискусиите на советниците за проекцијата за користење на вода за пиење за сезоната пролет-лето 2026 година, се навестува сериозна криза во претстојниот период.

Официјалните извештаи велат дека вкупниот капацитет на бунарскиот систем во Кочани изнесува 238 литри во секунда. Сепак, статистиката од првите три месеци на 2026 година покажува загрижувачки тренд – потрошувачката на вода е зголемена за 17,72% во споредба со минатата година. Доколку овој тренд продолжи, се предвидува дека во јули потрошувачката ќе достигне 250 литри во секунда, што директно го надминува капацитетот на системот.

-Очигледно дека имаме зголемена потрошувачка на вода во 2026 година. Очекувано е дека во јули месец да имаме околу 250 литри во секунда бројка потрошувачка на вода, што го надминува максималниот капацитет од 238 литри во секунда. Со вакви проекции ќе се соочиме со моменти кога најпрво високите места, а потоа мислам дека тој тренд ќе се префрли на пониските места со немање вода во летниот период, истакна советникот Сашко Иванов.

Уште попоразителен е фактот за т.н. неприходувана вода. Во 2025 година, КЈП „Водовод“ пласирало 5,9 милиони метри кубни вода, а фактурирало само 1,4 милиони. Ова значи дека дури 76,37% од произведената вода се губи во системот поради застарена мрежа, дефекти или комерцијални загуби.

-Кочани пие најскапа вода во Македонија, загубата беше под 60 па се покачи на 70%. Тоа е навистина огромна количина на загуба на вода којашто треба да стигне, а ја нема никаде, рече советникот Иван Мишев, при што изрази сомнеж за квалитетот на водата од трите плитки бунари со длабочина од само 10 метри, кои сè уште се користат поради недостиг на капацитет, иако се подложни на површинско загадување.

Раководителот на Секторот „Водовод“, Зоранчо Георгиев, појасни дека системот е под голем притисок и дека мрежата е стара помеѓу 40 и 60 години.

-Моментално сме на некој си максимум што го снабдуваме градот без проблеми со вода, со просек околу 200 литри во секунда, а максимумот ни е 238. Ако имаме сушен период, што тоа е најчесто јули-август, може да дојде до рестрикција или отежнување во водоснабдувањето, рече Георгиев.

Георгиев додаде дека се прават напори за реконструкција на главниот потисен цевковод и инсталација на 5,000 нови дигитални водомери за далечинско отчитување, со цел да се намалат кражбите и загубите.

Како итна мерка за справување со хаосот во водоснабдувањето, на седницата беше предложен и усвоен заклучок за формирање на координативно надзорно тело. Ова тело ќе биде составено од претставници на Општината, Управниот одбор на „Водовод“ и стручни лица, со цел постојано да ја следат состојбата и да превенираат целосен колапс на системот во текот на летото.

Советниците апелираа до граѓаните за крајно рационално користење на водата, нагласувајќи дека „борбата веќе не е за храна, туку за вода“.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: водавода за пиењеводоснабдувањекјп „водовод“општина кочанисовет на општина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
17°C
облаци
облаци
1 m/s, ESE
57%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?