Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кочанскиот водовод како „решето“ – цевките попуштаат, граѓаните мака мачат со дефектите

автор: Т. Ајтовски
6 август, 2026 10:24
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Кочанскиот водовод како „решето“ – цевките попуштаат, граѓаните мака мачат со дефектите

Додека екстремно високите температури ја зголемуваат потрошувачката на вода до максимум, водоводната мрежа во Кочани и околните населени места на повеќе локации е во колапс.

Граѓаните секојдневно пријавуваат нови дефекти, но реакцијата за санирање е бавна или се одложува со денови, па и недели. Тоа резултира со илјадници литри истечена вода за пиење и сериозни штети по приватните објекти.

Специфична е состојбата во населбата Селиште во Оризари велат жителите на улицата „Осоговска“, кои испратија и видео снимка до Канал 8, реагирајќи дека водата истекувала повеќе од еден месец. Рекоа дека се соочуваат со сериозен проблем бидејќи, поради стрмниот терен, водата директно се слева во приземните простории на блиските куќи.

-Од снимките може да се види дека истекува прилично голема количина вода во секунда, веројатно е оштетена главна водоводна цевка, велат загрижените граѓани кои иако го пријавиле дефектот, чекале екипите на КЈП „Водовод“ да излезат на терен.

Во меѓувреме, во нивните соби веќе е појавена влага и мувла. Проблемот не е само во староста на цевките, туку и во квалитетот на досегашните поправки.

На улицата „Иван Иванов Балашо“ бр. 66 во Кочани, уште пред празникот Илинден цевката пукнала по четврти пат на истото место. И покрај тоа што Општината и „Водовод“ биле известени преку СМС пораки, реакција нема веќе неколку дена.

Овој дефект претставува и безбедносен ризик бидејќи постои можност да падне ѕид на еден од објектите. Дополнителен револт кај граѓаните предизвикува и фактот што по секоја интервенција остануваат руинирани тротоари.

-Тротоарот беше бетониран од Општината, а „Водовод“ после нивното работење остава рушевини, реагираат жителите од оваа улица.

Зголемениот притисок во цевките, предизвикан од енормната потрошувачка во овој исклучително топол период, е една од главните причини што мрежата попушта како „решето“.

Граѓаните велат дека неквалитетното и постојаното крпење на едни исти дефекти само ги продлабочуваат загубите на вода во време кога секоја капка е драгоцена. Притоа, кочанските улици и подруми се претвораат во мали реки, оставајќи ги граѓаните сами да се справуваат со последиците.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: водоводградски водоводкјп „водовод“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
17°C
облаци
облаци
1 m/s, ESE
57%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?