Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Одделението за гинекологија во Кочани со опрема на која пишува „Сделано в СССР“ стара 6 децении – ќе се замени со нова како донација од Полска

автор: Т. Ајтовски
19 јуни, 2026 13:41
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Одделението за гинекологија во Кочани со опрема на која пишува „Сделано в СССР“ стара 6 децении – ќе се замени со нова како донација од Полска

Советот на Општина Кочани едногласно ја прифати донацијата од Амбасадата на Република Полска за гинеколошкото одделение во Општата болница, со што ќе се овозможат безбедни хируршки интервенции за жените од целиот регион.

Донацијата не е во парични средства, туку како конкретна медицинска опрема во вредност од 48 илјади евра, што е критично потребна за функционалноста на гинеколошката операциона сала.

Фокусот е ставен на овозможување услови за вршење итни царски резови и други гинеколошки интервенции во самата болница, со што ќе се избегне досегашната пракса на итно препраќање на пациентките во Штип или Скопје.

Градоначалникот Владко Грозданов, образложувајќи ја важноста на оваа соработка, истакна дека донацијата доаѓа во вистински момент за да се спаси Oдделението од технолошка застареност.

-Станува збор за донација која би била монтирана после реновирањето на гинеколошката операциона сала. Со тоа во случај на природно породување, кога може да дојде момент да е потребен итен царски рез, истиот ќе биде извршен овде. Досега ние во такви ситуации решението го баравме во што побргу упатување во Штип или Скопје, истакнува Грозданов.

Според информациите што ги изнесе пред советниците, дел од постојната опрема во Болницата е во катастрофална состојба и датира од средината на минатиот век. Донацијата вклучува нов операционен стол, операционо светло и хистероскоп кој ќе биде компатибилен со веќе постојниот лапароскопски столб.

-Во моментот операциониот стол е од времето на 60-тите години. Р’ѓав, скапан, не функционира. Операционото светло во операционата сала, кое е многу важно кога се работи на отворена хирургија, исто е од 60-тите, руско, пишува СССР. Со новата апаратура, како што е хистероскопот, ќе им се помогне на граѓаните и финансиски, бидејќи овие интервенции во приватните клиники чинат околу 1.000 евра, а сега ќе можат да се вршат во Кочани, рече Грозданов.

Иако Општина Кочани нема директна надлежност во работата на Општата болница, локалната власт се одлучи да биде посредник во оваа донација за доброто на граѓаните.

-Општина Кочани нема ингеренции во Општа болница Кочани, но направивме едно добро за оваа институција, бидејќи имаме ингеренции да се грижиме за општото здравје на граѓаните во општината, заклучи Грозданов.

Советот на Општината изрази надеж дека оваа опрема ќе биде поттик за персоналот и дека понатамошните напори за реконструкција на салата ќе бидат поддржани и од општествено одговорни компании.

Пред неколку дена градоначалникот Грозданов го потпиша договорот за донацијата со амбасадорот на Полска, Мариуш Бримора, а тоа е дел од поддршката по трагедијата во „Пулс“ во март минатата година.

*насловната фотографија е креирана за илустрација

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: гинекологијадонацииопшта болница со проширена дејност - кочаниопштина кочанирепублика полскасовет на општина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
15°C
облаци
облаци
1 m/s, ENE
68%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?