Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Општина Кочани: Најавените инфраструктурни зафати се во тек – Јужниот булевар се подготвува за градба, се решаваат децениски комунални и социјални проекти

автор: Администратор
18 мај, 2026 14:48
во Кочани
време на читање: 5 мин.
A A
Општина Кочани: Најавените инфраструктурни зафати се во тек – Јужниот булевар се подготвува за градба, се решаваат децениски комунални и социјални проекти

Општина Кочани испрати известување за реализацијата на најавените инфраструктурни, комунални и социјални проекти:

Со реализацијата на најавените капитални проекти, Општина Кочани става силен акцент врз модернизацијата на патната мрежа и подобрувањето на комуналната инфраструктура, со цел долгорочно да го унапреди квалитетот на живеење на граѓаните и да го поттикне локалниот економски развој.

На врвот на приоритетите е почетокот на изградбата на Јужниот булевар, односно влезот во Кочани откај Грдовци, проект кој целосно ќе го промени сообраќајниот крвоток на градот.

Во тек се првите теренски активности за изградба на дел од собирната улица „Никола Карев“ и дел од градската магистрална улица „Новопланирана 1“ – потег попознат како Јужен булевар, за влез во Кочани откај селото Грдовци.

За оваа капитална инвестиција, Министерството за транспорт склучи договор во вкупна вредност од 117.414.152 денари (со вклучен ДДВ), а како изведувач на градежните работи е избрано штипското друштво за производство, трговија и услуги „ОСД Кирил“.

На потегот каде што ќе се гради булеварот, експропријацијата на приватните парцели е завршена со високи 99 отсто. Од вкупно 44 парцели, имотноправните односи се целосно расчистени за 43. На терен веќе е извршено исколчување на трасата, се сечат високостеблестите дрвја и интензивно се чисти вегетацијата.

Модерната сообраќајница ќе има вкупна должина од околу 900 м, со четири сообраќајни ленти (по две во двете насоки); разделно средишно зеленило; два тротоара со ширина од по 2,5 м, четири сервисни улици и кружен тек пред самата клучка. Рокот за комплетна изведба на овој крупен проект е 36 месеци.

Паралелно со булеварот, во Кочани активно се работи на уште неколку стратешки точки.

Новиот старечки дом – проект кој има огромно социјално значење за Кочани веќе ги помина почетните фази. Изведувачот „Фишер Тихи“ од кумановски Карпош заврши со колчење на парцелата и чистење на вегетацијата, со што теренот е целосно подготвен за почеток на градежните активности.

Процесот за експропријација за потисниот цевковод од Филтер станицата до Турските гробишта е при крај – од вкупно 16 парцели, успешно е завршена постапката за 12. Материјалот е пристигнат, се работи на ископ на трасата.

Активностите за изградба на мост кај „Вера Которка“ се поврзани со геотектонски испитувања на тлото, заради определување на длабочината на носачите на мостот.  Локацијата е веќе исчистена, теренот е целосно подготвен и наскоро се очекува старт на градежните работи.

На источниот влез во Кочани, на ул. „Тодосија Паунов“, екипите на „Жикол“ работат на поставување на атмосферската канализација. Изведувачот „Стоименов“ веќе го заврши поставувањето на рабниците за разделното зеленило.

Улицата „Бел камен“ е во завршна фаза на подготовка пред асфалтирање и наскоро на неа ќе биде поставен новиот асфалтен слој.

Со овие координирани инвестиции, Општина Кочани покажува јасна визија и посветеност во решавањето на сообраќајниот метеж, подобрувањето на водоснабдувањето и грижата за сите категории граѓани.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: комунална инфраструктураопштина кочанисообраќајна инфраструктура

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
17°C
облаци
облаци
1 m/s, ESE
59%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?