Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Правдата ја претворивте во неправда“ – реакција на родителите на загинатите во „Пулс“ на 42. „Марш за ангелите“

автор: Т. Ајтовски
9 мај, 2026 17:48
во Кочани
време на читање: 4 мин.
A A
„Правдата ја претворивте во неправда“ – реакција на родителите на загинатите во „Пулс“ на 42. „Марш за ангелите“

На 9 мај – денот кој симболизира победа над фашизмот и триумф на човековите права, Кочани се соочи со својата најмрачна реалност.

Семејствата на жртвите од трагедијата во објектот „Пулс“ излегоа на 42. „Марш за ангелите“, нарекувајќи го марш вистината, со порака дека ниту една функција или партиска припадност не смее да биде поважна од човечкиот живот.

Преку говорите на најблиските, во Паркот на Револуцијата, пред Полициската станица и пред Основниот суд и Обвинителството, беше насликан портрет на еден „трул систем“ кој реагира само кога треба да се бројат мртви, додека правдата се претвора во политички театар.

Марија Петрушова, мајка која во „Пулс“ го изгуби својот син, ја истакна болната противречност помеѓу европските вредности за кои се зборува и реалноста во која институциите потфрлиле.

-Денес е ден кога Европа зборува за мир, демократија и човечко достоинство… А ние стоиме пред една невистинска европска реалност. Со години слушаме дека државата чекори кон Европа, додека 63 млади животи згаснаа во објект што со години функционирал низ систем во кој некој не гледал, не контролирал и не реагирал. Наместо систем што конечно се разбудил, гледаме ист молк, исти изговори и исто перење раце од одговорност. Ја прашуваме нашата држава: како точно планирате да стигнете до Европа ако со години не успеавте да стигнете ни до сопствената одговорност, праша Петрушова.

Сестрата на загинатиот Јорданчо Џамов, Розета Блажева, јавно запраша што точно штител системот во моментите на трагедијата, посочувајќи на сериозни пропусти на службените лица.

-Што точно правеле службените лица во тие клучни моменти? Тие немо стоеле и ги блокирале вратите на единствениот влез и кога увиделе дека пожарот се шири, први кукавички бегаат да спасат глава. Навреда е после 63 мртви да се зборува за условни казни, навреда е човечки животи да се сведат на пропуст. Ние не стоиме тука само против поединци, стоиме против систем што со години функционирал без совест, без одговорност и без страв од последици. Кога системот ќе ти го земе најсветото, стравот исчезнува, истакна Блажева.

Најгласниот и најостар критичар на институционалниот молк беше Александар Наунов, чија ќерка е една од 63-те жртви. Неговиот говор беше директно обвинување кон врвот на власта за „театар за јавноста“ и предавство на сопствениот народ.

Наунов со гнев потсети на ветувањата дека „и брат да ми е, ќе одговара“, нагласувајќи дека тие зборови важеле само додека камерите биле вклучени.

-Гледаме менување обвинители сред процес. Гледаме условни казни за систем што дозволил цел град да биде завиен во црно. Ова не личи на правда. Ова личи на панична операција за спасување на своите. Толку ли беше тешко таа вечер полицијата да каже: ‘пали светло, гаси музика’? Само тие неколку зборови ќе го спасеа Кочани и 63 деца денес ќе беа живи. Но, за тие проклети маси, за резервации, за пари и за нечии интереси, тие решиле да молчат, рече Наунов.

Тој упати предупредување дека државата во моментов паѓа на најважниот тест на совеста, ставајќи ги фотелјите пред гробовите на децата.

-Не можете да зборувате за морал, а да молчите додека цела држава гледа што се случува. Ова е тест дали државата има совест и дали има рбет. Ниту една власт не е вечна, но срамот од предадената правда останува засекогаш. Како што Германија го носи товарот од времето на Хитлер, така и оваа власт ризикува да остане запаметена по молк и заштита на виновниците за убиство на 63 млади лица, додаде Наунов.

Маршот заврши со јасна порака од сите семејства: борбата за правда нема да престане, бидејќи зад бројката 63 стојат имиња, уништени семејства и вистина која повеќе никој нема да ја замолчи.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
17°C
облаци
облаци
1 m/s, ESE
59%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?