Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Семејствата на загинатите во „Пулс“ со ултиматум: „Нема да заминеме од пред Судска медицина додека не ја добиеме вистината“

автор: Т. Ајтовски
4 април, 2026 16:31
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Семејствата на загинатите во „Пулс“ со ултиматум: „Нема да заминеме од пред Судска медицина додека не ја добиеме вистината“

Семејствата, пријателите и граѓаните на Кочани денеска по 40-ти пат маршираа во спомен на своите сограѓани кои ги загубија животите во кобниот пожар во објектот „Пулс“.

Здружението „16-ти Март 2025 Кочани“ јавно го повтори својот револт од институционалниот молк, а неговиот претседател, Александар Наунов, упати последно предупредување до надлежните служби.

Во своето обраќање, Наунов ги истакна клучните барања и болката на семејствата преку неколку силни пораки.

-На 14 јануари 2026 година, Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“ – Кочани официјално достави барање до Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија при Медицинскиот факултет – УКИМ Скопје, со едно единствено барање – вистината.  Побаравме јасен и недвосмислен одговор: – дали Институтот бил вклучен во токсиколошките анализи, – дали било испитувано присуство на цијаниди или сродни токсични соединенија, – и доколку такви анализи не биле извршени, тоа јасно да биде наведено. Од тоа барање поминаа веќе два месеци, а до денес немаме никаков одговор. Дополнително, уште пред четири месеци побаравме итна средба со претставници од Судска медицина. Наместо конкретни одговори, добивме само колективна средба со директорот на Судска медицина, на која ни беше кажано дека дополнително ќе бидеме повикани и детално ќе ни биде се објаснето. Од тогаш — повторно целосен молк, истакна Наунов.

Семејствата добиле потврда од Природно-математичкиот факултет (ПМФ) – Скопје дека е изготвен вешт наод по наредба на Основното јавно обвинителство (ОЈО) – Кочани, но без конкретни детали за анализите.

-ПМФ нè упатува кон ОЈО Кочани. ОЈО молчи. Судска медицина молчи. На 16.03.2025, кога ни ги однесовте децата во црни вреќи во Скопје за обдукција, нè убедувавте дека тоа е задолжителна постапка и дека мора детално да се утврди вистинската причина за нивната смрт. Со скршени срца ви поверувавме. Се противевме , но со огромна болка Ви ги предадовме, верувајќи дека институциите ќе си ја завршат работата чесно и професионално. Чекавме четири дена. Четири дена во кои не можевме достоинствено да се простиме од нив. Четири дена во кои не можевме да ги испратиме како што заслужуваа, да ги гушнеме, да ги бакнеме за последен пат… Зошто? За да ни ги вратите со предупредување да не ги отвараме.. да не ги видеме искасапени и со сини кеси на главите, додаде Наунов.

Наунов упати директно прашање за одговорност, повикувајќи ги институциите да престанат со прикривањето.

-Доколку во наредните 3 дена не добиеме јасен, писмен и сеопфатен одговор, ние како семејства ќе дојдеме пред Судска медицина и нема да си заминеме додека не ја добиеме вистината што ни ја должите! Нема да прифатиме повеќе молк. Нема да прифатиме повеќе префрлање на одговорност, заклучи Наунов.

Колоната на Маршот се движеше по вообичаената рута во центарот на Кочани, а заврши во Паркот на Револуцијата од каде и тргна.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
17°C
облаци
облаци
1 m/s, ESE
59%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?