Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Шестчленото семејство Грозданови од Нивичани згрижено во стан во социјалната зграда во Кочани

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2024 12:38
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Шестчленото семејство Грозданови од Нивичани згрижено во стан во социјалната зграда во Кочани

Шестчленото семејство Грозданови од селото Нивичани се всели во двособен стан во социјалната зграда во Кочани, што го доби од АД за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор (АДИССДП). Со тоа е решен неколкугодишниот проблем со сместувањето на четирите малолетни дечиња и нивните родители Даниел и Викторија кои живееја во една соба, без струја и храна, во трошна куќарка оддалечена десетина километри од градот.    

На вселувањето во новиот дом присуствуваа министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорот на АДИССДП, Зоран Ѓоргијев, при што беше истакнато дека станот е со површина од педесетина квадратни метри и ќе овозможи соодветни услови за живеење на  младото семејство.

-По добивањето на информацијата од мојот кабинет и по емитувањето емисија на една телевизија за ова семејство, пристапивме брзо кон разрешување на оваа ситуација. Во јануари станот беше доделен од Комисијата за станбени прашања на Владата на семејството на кое навистина беше потребно да му се излезе пресрет и да се подаде рака. Сите институции кои беа вклучени во оваа акција, заедно со Црвен крст и новинарите кои ја направија таа сторија, ни помогнаа брзо да реагираме. Посакувам семејството на Даниел да ужива во подобрите услови за живот, а ние стоиме на располагање да помогнеме во рамки на нашите надлежности, истакна министерот Бочварски.

Наскоро ќе почне распределбата на становите и во третата социјална зграда во Кочани, како и во објектот во Велес. Во изминатите четири години изградени се социјални згради и во Пробиштип, Виница, Свети Николе, Гевгелија, Неготино, Демир Капија, Струмица, Гостивар и Македонски Брод.

Од АДИССДП нагласија дека со забрзана динамика продолжува изградбата на колективни станбени згради за семејствата во социјален ризик во неколку други градови во државата.

-Во завршна фаза е изградбата на социјални згради во Дебар и во скопската населба Бутел, се градат во Прилеп и Сарај, а наскоро ќе почне постапката за избор на изведувач на зградата во Штип. Објектот ќе биде на 2.900 квадратни метри со педесетина станбени едници, а исто таква ќе биде и зградата во Прилеп. Изградбата треба да биде отворена до крајот на оваа година, а рокот за завршување е 24 месеци, истакна директорот на АДИССДП, Зоран Ѓоргијев.

Семејството Грозданови упати благодарност за станот што го доби во Кочани, што ќе овозможи четирите дечиња во иднина полесно да посетуваат училиште.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: ад за изградба и стопанисување со станбен и деловен просторминистерство за транспорт и врскисоцијална зграда

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
17°C
облаци
облаци
1 m/s, ESE
57%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?