Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Правда во судница, а не на улица“ – семејствата, роднини и пријатели на починатите во „Пулс“ достоинствено чекореа за 63-те ангели на Задушница во Ратавица

автор: Т. Ајтовски
30 мај, 2026 21:02
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
„Правда во судница, а не на улица“ – семејствата, роднини и пријатели на починатите во „Пулс“ достоинствено чекореа за 63-те ангели на Задушница во Ратавица

Доцна попладнево, на денот на големиот христијански празник Задушница, под мотото дека „љубовта е посилна од смртта“, во пробиштипското село Ратавица се одржа 44-тиот „Марш за ангелите“.

Колоната тргна од спортското игралиште каде семејствата, пријателите и граѓаните оддадоа почит на 63-те прерано згаснати животи и на 217-те повредени во трагедијата во „Пулс“ во Кочани.

Во емотивно и бунтовно обраќање, Сашко Јачевски, татко на настраданиот Александар Глигоровски, побара едноминутно молчење на местото за рекреација каде што, како што рече, „не треба да палиме свеќи“, упатувајќи остри критики до институциите.

-Немаме веќе доверба во институциите. Не можеме ова повеќе вака да го трпиме. Мораме да го кренеме гласот. Јас знам да се извинам, но знам и да простам на оние кои ја бараат прочката. Не можеш да им простиш на оние коишто не бараат прочка и не ја признаваат вината. Ако им прости Судот на тие што направија грев, верувајте дека повторно истата грешка ќе ја направат затоа што мислат дека се во право. Тука сме за да бараме правда. Бараме правда во судница. Пресуда во судница, а не пресуда на улица. Јас знам дека сам нема да можам да се борам против оваа анархија, но заедно со вас можеме да ја изнудиме вистинската правда за сите починати, за сите 217 повредени и за сите следни генерации. Виновниците се обидуваат да нѐ испровоцираат, но и ние сме луѓе од крв и од месо. И ние имаме душа, но изгорена душа луѓе. Изгорена до пепел, истакна Јачевски.

Додека траеше говорот, присутните жители на Ратавица не ја криеја својата солидарност, давајќи гласна поддршка со постојани извици: „Не сте сами, со вас сме!“.

Пред присутните се обрати и Валентина Христовска, мајка на Павел Христовски, која низ солзи се заблагодари за единството на малата заедница.

– Овде сме да сведочиме дека љубовта е посилна од смртта и дека споменот за нашите деца живее во секое наше срце. Ќе ги повикаме по име, затоа што тие не се бројки. Тие се наши деца. Наши радости. Наши надежи. Нека секое изговорено име биде молитва. Нека секоја запалена свеќа биде светлина за нивните души. Нека секој наш чекор биде завет дека никогаш нема да ги заборавиме, истакна Христовска.

За време на говорот таа ги прочита имињата на сите 63 починати, со порака дека тие не се само бројки, туку „наши радости и наши надежи“.

По комеморативниот дел, колоната се упати по улиците на Ратавица. Маршот накратко запре на специфична локација од каде се гледаат селските гробишта, каде учесниците со тишина и молитва му оддадоа посебна почит на нивниот сограѓанин Александар Глигоровски.

-Сакав да покажам дека во едно вака мало место, малку луѓе, но со големо срце и единство можеме да покажеме како треба да функционираме. И јас бев како вас, но не посакувам на никој да биде како нас. Ова боли, ова тежи, од ова не се излегува. Луѓе, нема утеха, нема среќа, нема живот. Ви благодарам за огромната поддршка која навистина многу ни значи, се обрати пред своите сограѓани Сашко Јачевски.

„Нека секој наш чекор биде завет дека никогаш нема да ги заборавиме“, беше порачано на крајот од собирот, со молитва Господ да ги насели починатите во Царството Небесно.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дискотека „пулс“трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
17°C
облаци
облаци
1 m/s, ESE
59%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?