Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Советничка група на СДСМ – Кочани: Сe спротивставуваме на Нацрт-просторниот план со кој се кратат 31% од оризовите површини и петкратно се зголемува ископот на минерали

автор: Т. Ајтовски
15 октомври, 2026 19:46
во Политика
време на читање: 1 мин.
A A
Советничка група на СДСМ – Кочани: Сe спротивставуваме на Нацрт-просторниот план со кој се кратат 31% од оризовите површини и петкратно се зголемува ископот на минерали

По одржаната јавна расправа во Штип за Нацрт-просторниот план на Република Македонија за периодот 2021–2040 година за Источниот плански регион, што ја организираше Министерството за животна средина и просторно планирање, со реакција и прес-конференција истапи советничката група на СДСМ во Советот на Општина Кочани.

Советникот Сашко Иванов упати остри критики за предложениот просторен план, предупредувајќи дека понудените решенија директно го загрозуваат кочанското земјоделство и опстанокот на оризопроизводството.

-Ако планот на Владата според кој ќе се развива регионот се предложените плански решенија за зголемување на вкупните површини под експлоатација за критични минерали од 2 на 10 квадратни километри или зголемување на дури пет пати повеќе, тогаш јасна е пораката од оваа власт дека државата е подготвена да ги распродаде природните ресурси само заради туѓи бизнис интереси. Но, она што најповеќе го засега кочанскиот регион се предложените плански решенија со кои се предвидува намалувањето на површините засеани со ориз. Според овој Предлог-просторен план се предвидува намалување за дури 31% или 1/3 на површините под ориз, истакна Иванов.

Советничката група на СДСМ ги поврза планските мерки со рекордно ниските откупни цени и одбивањето на финансиската поддршка за земјоделците.

-Дали понижувачката политика на Владата во однос на рекордно најниската откупна цена на оризот во моментот се дел од оваа погубна стратегија за кочанското „бело злато“ и за земјоделците? Дали со тоа што пратениците од владеачкото мнозинство одбија да гласаат за предлог-законот на Социјалдемократскиот сојуз за финансиска поддршка на земјоделците во висина од 10 денари за килограм ориз е дел од планот за уништување на кочанското земјоделство? Ако ова е планот како ќе се развива регионот, тогаш истиот тој е план за доуништување на Кочани и регионот, план за доиселување на населението и план за стимулирање на сиромаштијата, рече Иванов.

На крајот, тој порача дека партијата ќе застане во заштита на земјоделците и ќе реагира со сите дозволени мерки за да спречи уништување на чесниот земјоделец, да го спречи уништувањето на брендот на македонското земјоделство, кочанскиот ориз, кој покрива дури 98% од потребите на државата.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: оо сдсм - кочанипрес

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

СДСМ – Кочани: ВМРО-ДПМНЕ имаше 9 години градоначалник и 12 години мнозинство, не реализираше проекти
Политика

ОО СДСМ – КОЧАНИ: Кочани не бара привилегии – бара правда, поддршка и исполнување на ветеното

автор: Администратор
16 септември, 2026 08:56
0

Кочани е оставено на чекање – градот кој по трагедијата во „Пулс“ очекуваше институционална грижа, поддршка и развој, сѐ уште се соочува со заборавање и празни ветувања. Сите...

прочитај повеќе
Oтворена канцеларијата на „Доста беше“ во Кочани како простор за директен контакт со граѓаните и дигитално поврзување со Општината
Кочани

Oтворена канцеларијата на „Доста беше“ во Кочани како простор за директен контакт со граѓаните и дигитално поврзување со Општината

автор: Т. Ајтовски
9 септември, 2026 12:40
0

Граѓанската иницијатива „Доста беше“, која е дел од Советот на Општина Кочани, официјално ги отвори своите нови простории за прием на граѓаните. Канцеларијата, лоцирана на спратот во Шопинг...

прочитај повеќе

„АЛФА ГРАДБА“ – ДУП КРУШАРСКО МААЛО

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 15, 2026 - чет
Кочани, MK
11°C
неколку облаци
неколку облаци
1 m/s, N
72%
767.32 mmHg
fri10/16 sat10/17 sun10/18 mon10/19 tue10/20
чисто небо
15/6°C
облаци
15/4°C
чисто небо
16/6°C
чисто небо
17/8°C
чисто небо
16/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?