Со поддршка од Државната видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, за ТППЕ – Кочани ќе се набави специјализирано возило за пристап до тешко достапни и опожарени терени, како и комплети со заштитна опрема за пожарникарите.
Личната опрема вклучува заштитни одела, заштитни ракавици, заштитни чевли за работа на високи температури, шлемови и друга неопходна опрема за безбедно и ефикасно дејствување на терен.
Донацијата ќе придонесе за зајакнување на капацитетите на ТППЕ – Кочани, овозможувајќи побрза реакција при интервенции, поголема безбедност за пожарникарите и поефикасен транспорт на луѓе и опрема до местата каде што е потребна помош.
Од Општина Кочани изразија искрена благодарност до Видеолотарија за поддршката и донираните средства, нагласувајќи дека ваквите општествено одговорни иницијативи имаат значајна улога во унапредувањето на безбедноста и подготвеноста на службите кои секојдневно се грижат за заштита на граѓаните и нивниот имот.
Со оваа донација, Државната видеолотарија ја потврдува својата посветеност кон поддршка на локалните заедници и иницијативите што придонесуваат за поголема безбедност, заштита на граѓаните и зачувување на животната средина.
©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






