Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Вишокот преносни компјутери од Општина Кочани доделени на основните училишта и на Полициската станица

автор: Т. Ајтовски
5 февруари, 2018 19:37
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A

Основните училишта и Полициската станица во Кочани добија дел од лаптоп компјутерите што во Општината беа вишок, откако членовите на Советот од претходниот состав ги вратија по завршувањето на мандатот. Со тоа исполнета е одлуката што беше донесена на една од седниците со кој советниците дадоа согласност за бесплатно преотстапување на уредите.

Според писменото известување од Локалната самоуправа, по еден лаптоп добија основните училишта „Свети Кирил и Методиј“, „Никола Карев“, „Раде Кратовче“, „Малина Попиванова“ и „Крсте Мисирков“, а два Полициската станица од општа надлежност – Кочани, откако претходно Општината добила службено барање од оваа институција. Сите преносните компјутери што се преотстапени се од ист модел, произведени 2013 година.

По преземањето на функцијата, градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев, се соочи со нерационални набавки извршени на крајот на претходниот мандат. Една од нив беше набавката на 24 компјутери, за кои Општината сè уште ги сервисира обврските кон набавувачот.

На крајот на мината година Илијев најави дека најверојатно дел од компјутерите ќе добијат локалните институции во општината.

– Да им ги доделиме на училиштата, на Полициската станица кои се жалат дека немаат компјутери, на исниституиците на кои им се потребни да ги поделиме, бидејќи тоа е технологија и техника која многу брзо застарува и веројатно и батериите, ако не се користат, ќе пропаднат и тогаш ќе треба да ги фрлиме, рече во декември 2017 година, Николчо Илијев, градоначалник на Општина Кочани.

Покрај преносните компјутери што ги вратија претходните членови на Советот, за набавката на новите 24 лаптопи и другата компјутерска техника непосредно пред локалните избори во октомври, општинската адмнинстрација на претходниот градоначалник избрала понуда вредна над 20 илјади евра. Иако немало голема потреба од толку високи трошоци, опремата беше испорачана, а обврската за плаќање ја наследи новиот градоначалник.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина кочаниполициска станица - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
18°C
облачно
облачно
3 m/s, E
49%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?