Влатко Грозданов, лекар специјалист по гинекологија е кандидатот за градоначалник на Кочани што ќе го поддржи ВМРО-ДПМНЕ.
На прес конференција на која беа претставени и други кандидати за уште неколку општини, за Грозданов беше речено дека со ваквата одлука се испраќа јасна порака дека интересот на граѓаните е над партиските разлики.
– Во Кочани, ВМРО-ДПМНЕ ќе застане зад натпартискиот кандидат д-р Влатко Грозданов. Тој претставува личност со интегритет и доверба кај жителите на градот, истакна Марија Митева, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.
Во официјалниот став на ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кочани се нагласува дека Грозданов е човек на чесноста, знаењето и посветеноста, лекар кој цел живот им служел на граѓаните, а денес е подготвен да му служи и на својот град.
-Веруваме дека ќе го оздрави Кочани, ќе донесе надеж, развој и стабилност. Веруваме дека со неговата енергија и визија ќе изградиме почист, побезбеден и поправеден град. Веруваме дека Кочани ќе добие лидер што ќе работи за сите граѓани, а не за лични интереси. Со д-р Влатко Грозданов, започнуваме нова страница за Кочани – страница на надеж, чесност и иднина, успешно и чесно, се истакнува во соопштението од ОК ВМРО-ДПМНЕ – Кочани.
©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






