Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Воведување концепт „два плус два“ предлагаат сообраќајни експерти за подигање на безбедноста на експресниот пат Кочани – Штип

автор: Т. Ајтовски
28 мај, 2025 16:40
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Воведување концепт „два плус два“ предлагаат сообраќајни експерти за подигање на безбедноста на експресниот пат Кочани – Штип

Седум починати, повеќе тешко и лесно повредени лица и причинета голема материјална штета во неколку десетици сообраќајни несреќи во 2024 година е билансот што беше претставен на експертскиот панел „Безбедносните ризици на експресниот пат Кочани – Штип: Проблеми и решенија“ што денеска се одржа во Кочани.

На работната средба која ја иницираше универзитетскиот професор Јован Шоповски со поддршка од општествено-одговорната компанија „Амфенол Технолоџи Македонија“ од Кочани, присуствуваа полициски службеници од Одделот за сообраќај на Министерството за внатрешни работи од Скопје, претставници од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата, експерти и професори од универзитетите во Штип и Скопје, сообраќајни инспектори од регионот и други учесници кои се засегнати од проблемите на новоизградената делница меѓу Кочани и Штип.  

-Имав лично негативно искуство на експресниот пат на кој неколку пати избегнав сообраќајни несреќи со директен судир, а што се должи на специфичноста на коловозната делница и незнаењето на возачите како да го користат овој релативно нов концепт на патишта во Македонија. Сакаме да укажеме дека е потребна поголема внимателност при управувањето возило затоа што ова не е автопат и постојано доаѓаат возила од спротивен правец, како и да се имаат предвид одредени технички недоследности на патот што го прави недоволно безбеден. Сообраќајните експерти и стручните лица се согласија за потребата од подигање на безбедносните услови при што предложија можни решенија. Еден од најприфатливите предлози што го дадоа експертите и професорите од Градежниот факултет е концептот „два плус два“, односно додавање по уште една коловозна лента на постојните и нивно физичко разделување. Пресметката покажува дека тоа би чинело околу 20 милиони евра, што е минимален износ од аспект на намалување на бројот на човечки жртви, истакна професорот Шоповски.

Во дискусиите беа истакнати неколку критични точки на кои се случиле најголем број од несреќите во кои имаше и жртви, при што освен возењето со неприлагодена брзина и непочитувањето на сообраќајната сигнализација, како причини беа наведени и технички недостатоци што треба да се решат што побрзо. Притоа беше посочен проблемот со сообраќајното приклучување на компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ во која има над 3.000 вработени, како и неколкуте сообраќајни клучки кај населените места кои гравитираат кон експресниот пат.

Иако беа поканети, на експертскиот панел немаше претставници од Јавното претпријатие за државни патишта и од Министертвото за транспорт, но организаторите најавија дека заклучоците од расправата ќе им бидат доставени во писмена форма.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: експресен патопштински совет за безбедност во сообраќајот на патиштатасообраќајна инфраструктурасообраќајна несреќа

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе
Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
19°C
облачно
облачно
3 m/s, E
48%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?