Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Вработените во подружниците на Македонска пошта денеска протестираат, на 7 јуни ќе организираат штрајк

автор: Т. Ајтовски
22 мај, 2024 10:34
во Кочани, Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Вработените во подружниците на Македонска пошта денеска протестираат, на 7 јуни ќе организираат штрајк

Вработените во сите подружници на Македонска пошта денеска организираат протест за да го изразат револтот и загриженоста за иднината на компанијата и за зачувување на своите работни места,

Подолг период Македонска пошта се соочува со огромна финансиска криза и со лоша организација на работењето, а со тоа е доведена до тотален хаос и до дното на опстојувањето, беше речено на прес конференција што ја органиузираа Синдикалните организации на Македонска пошта.

-Не знаеме кога ќе земеме плата поради тоа што немаме доволно финансиски средства, а и менаџерскиот тим нема одговор на тоа прашање, затоа што чекале некаков прилив. Македонска пошта е доведена до состојба на уништување, опстојувањето е под голем знак прашалник и бараме итна средба со новата влада и да ги решиме состојбите. Она што го бараме со години е да се отпочне веднаш и неодложно со новите реформи и целокупна реорганизација. Постапката за систематизација на новите работни места е темел и основа за понатамошна стабилизација и функционирање на друштвото. Владата треба да се заземе за интересот на Македонска пошта, бидејќи 2.000 вработени ќе останеме на улица и ќе бидеме единствен пример во светот државна пошта да не функционира, односно да не постои, истакна Боро Велигденов, претседател на Синдикалните организации на Македонска пошта.

Синдикалните претставници во Македонска пошта побараа реформите во компанијата да почнат што побрзо, со преземање посериозни мерки за стабилизирање на состојбите.

-Да нема повеќе да 15 подружници со 15 директори и илјада соработници,  нам ни требаат работници во технолошкиот процес за граѓаните да бидат задоволни од нашите услуги. Идната влада да преземе мерки и за регулаторното тело Агенција за пошти, кое од нас добива добар прилив за плати, тоа треба да работи според Законот за поштенски услуги. Имаме информации дека во нашата држава се дистрибуираат пратки од соседните земји, што е во спротивност со сите меѓународни прописи за поштенски сообраќај. Агенцијата да преземе одговорност спрема другите оператори кои вршат неконкурентна и нелојална достава на пратки, истакна Сашо Димитриески, повереник во Синдикатот на Македонска пошта.

На прес конфренцијата беше побарано да се престане и со партизираната кадровска политика која ја уништила Македонска пошта, а најавен е и штрајк за почетокот на идниот месец.

-Да не ни донесуваат неспособни кадри и менаџери во компанијата, да се насочат вработените кон технолошкиот процес за да генерираме поголеми приходи и самостојно да можеме да функционираме и да исплаќаме редовно плата.  Како што најавивме минатиот месец, влегуваме во процес на штрајк бидејќи го допревме дното и немаме што да изгубиме како вработени. Согласно законските регулативи, штрајкот ќе се одржи после 7 јуни и ќе бидеме истрајни до крај, ќе се бориме за опстанок на Македонска пошта, додаде претседателот на Синдикалните организации, Велигденов.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: македонска пошта

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во достоинствена тишина и со крик за правда по една ипол година од трагедијата во „Пулс“ се одржа 49. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Во достоинствена тишина и со крик за правда по една ипол година од трагедијата во „Пулс“ се одржа 49. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
16 септември, 2026 17:32
0

Граѓаните, семејствата и членовите на Здружението „16 март 2025 Кочани“ повторно излегоа на улиците во Кочани на 49. „Марш за ангелите“, одбележувајќи точно една ипол година од трагичниот...

прочитај повеќе
На почетокот на јули на Пониква ќе се одржи вториот национален Камп за млади информатичари
Кочани

Бесплатни онлајн курсеви по математика и информатика со натпревари и вредни награди за сите ученици во Македонија организира „Бистри умови“

автор: Т. Ајтовски
16 септември, 2026 10:05
0

Здружението „Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia“ од Кочани четврта година по ред овозможува целосно бесплатни онлајн курсеви по математика и информатика, наменети за учениците од четврто...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 17, 2026 - чет
Кочани, MK
18°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, NNE
53%
762.07 mmHg
fri09/18 sat09/19 sun09/20 mon09/21 tue09/22
облаци
27/17°C
чисто небо
27/18°C
чисто небо
24/16°C
облачно
24/15°C
чисто небо
18/9°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?