Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

За десет години во четирите општини од регионот има една третина помалку средношколци и 25 отсто помалку основци

автор: Т. Ајтовски
2 септември, 2024 11:15
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
За десет години во четирите општини од регионот има една третина помалку средношколци и 25 отсто помалку основци

Драстично опаѓање на бројот на учениците во основните и средните училишта во четирите општини од регионот е регистрирано во изминатата деценија, односно недостасуваат една петина од основците и една третина од средношколците.

Според истражувањето на Центарот за граѓански комуникации од Скопје, за десет години во Кочани бројот на ученици во основните училишта се намалил за 16 отсто, односно од 2.987 во учебната 2014/2015, минатата учебна година имало 2.510 основци. Опаѓањето во средните училишта е двојно поголемо и изнесува 34 отсто, односно од 1.582 средношколци пред десет години, лани имало 1.042.

Сличен тренд имало и во општина Виница, каде во основните училишта за една деценија недостасуваат скоро 20 отсто од учениците. Овде пред 10 години имало 1.410 основци, а минатата учебна година основно образование посетувале 1.133 ученици, односно близу 20 отсто помалку. Во средното училиште во Виница, намалувањето е на исто ниво како во Кочани – 34 отсто, односно од 590 во 2014/2015, на 390 средношколци минатата година.

Најголем пад на бројот на ученици во основно образование има во општина Зрновци. Намалувањето е 26 отсто, односно од 200 пред десет години, лани имало 148 основци. И во Чешиново-Облешево има серизно опаѓање на учениците, од 465 во 2014/2015 на 364 претходната учебна година, што е 22 отсто помалку.

Во однос на наставниот кадар во основните и средните училишта забележливо е дека намалувањето не е со истата динамика со бројот на учениците. Во основното образование во општина Кочани пред една деценија имало 256 наставници, а лани 239, додека во средните училишта од 146 професори, минатата година на работа останале 121.

Во Виница бројот на наставници опаднал од 179 на 149, а на професорите од 61 на 53. И во Чешиново-Облешево се намалил бројот на наставниците од 95 на 88, а само во Зрновци имало зголемување од 32 на 34.

На државно ниво само за десет години бројот на ученици во основните и во средните училишта е намален за 27 илјади, односно за 10 отсто.

Податоците во истражувањето на Центарот за граѓански комуникации од Скопје се добиени од Државниот завод за статистика.  

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во достоинствена тишина и со крик за правда по една ипол година од трагедијата во „Пулс“ се одржа 49. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Во достоинствена тишина и со крик за правда по една ипол година од трагедијата во „Пулс“ се одржа 49. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
16 септември, 2026 17:32
0

Граѓаните, семејствата и членовите на Здружението „16 март 2025 Кочани“ повторно излегоа на улиците во Кочани на 49. „Марш за ангелите“, одбележувајќи точно една ипол година од трагичниот...

прочитај повеќе
На почетокот на јули на Пониква ќе се одржи вториот национален Камп за млади информатичари
Кочани

Бесплатни онлајн курсеви по математика и информатика со натпревари и вредни награди за сите ученици во Македонија организира „Бистри умови“

автор: Т. Ајтовски
16 септември, 2026 10:05
0

Здружението „Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia“ од Кочани четврта година по ред овозможува целосно бесплатни онлајн курсеви по математика и информатика, наменети за учениците од четврто...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 17, 2026 - чет
Кочани, MK
17°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, NNE
63%
763.57 mmHg
thu09/17 fri09/18 sat09/19 sun09/20 mon09/21
чисто небо
25/16°C
одвоени облаци
25/17°C
чисто небо
26/17°C
неколку облаци
25/16°C
облаци
25/15°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?