За дел од учениците кои се посериозно повредени во пожарот во клубот „Пулс“ можно е наставата во новата учебна година да се спроведе во домашни услови, а за што Министерството за образование и наука ќе направи дополнителни анализи.
Најавата за ваквата можност ја даде министерката за образование и наука Весна Јаневска, при што најави дека покрај овие ученици, се планира воведување формално основно образование и за деца со канцер кои се на долготрајно лекување во болнички услови. Притоа нагласи дека можно е од септември ваква настава да има и за учениците кои се рехабилитираат по трагичниот пожар во Кочани.
– Сега е лето, ќе направиме анализа, доколку има потреба дефинитивно ќе бидат вклучени, иако не сум сигурна дека се многу. Оние што завршуваа четврта година, дел веќе полагаа матура, мислам дека едно до две деца се оставени сега да полагаат матура, изјави министерката Јаневска при посетата на Клиниката за детски болести во Скопје.
Според министерката Јаневска, освен во болнички услови истиот принцип за продолжување на образовниот процес надвор од училишните објекти ќе го имаат и децата што се лекуваат дома.
©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






