Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Општина Чешиново-Облешево ќе подигне спомен-обележје за децата загинати во трагедијата во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
19 март, 2026 18:47
во Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Општина Чешиново-Облешево ќе подигне спомен-обележје за децата загинати во трагедијата во „Пулс“

На осмата редовна седница на Советот на Општина Чешиново-Облешево, која започна со минута молчење по повод годишнината од пожарот во дискотеката „Плус“, советниците едногласно донесоа низа одлуки за трајно одбележување на споменот на загинатите млади сограѓани.

По иницијатива на градоначалникот Јорданчо Костадинов, а во директна соработка со семејствата на настраданите, Советот ја усвои точката од дневниот ред за изградба на спомен-обележје. Споменикот ќе биде поставен во паркот во Облешево.

-По моја иницијатива и во соработка со семејствата засегнати од несреќата во дискотеката „Пулс“’, на заеднички состанок произлезе идеја за изградба на вакво спомен-обележје во паркот во Облешево, на одредена локација кај што е сега нефункционалната фонтана, истакна градоначалникот Костадинов пред советниците.

Тој појасни дека општинските служби за урбанизам веќе работат на потребната документација за проектот да биде реализиран соодветно на сите законски стандарди до крајот на месецот.

Покрај изградбата на споменикот, Советот донесе одлука и за покривање на трошоците за изградба на ограда на гробните места на загинатите деца. Оваа мерка, која исто така произлезе од разговорите со семејствата, ќе биде целосно финансирана од општинскиот буџет.

Во духот на сеќавањето и поддршката за младите, едногласно беше прифатено и дополнувањето на Програмата за спортски и културни манифестации со организирање на Меморијален турнир „16-ти март“. Турнирот ќе се одржува во училишниот двор во село Соколарци во траење од три дена.

-Турнирот ќе биде посветен на децата од село Соколарци коишто ги имаат загубено животите таму, нагласи градоначалникот, посочувајќи дека оваа иницијатива е дополнителен начин заедницата да им оддаде почит на настраданите.

Сите предложени одлуки поврзани со одбележувањето на оваа трагедија беа поддржани со 11 гласа „за“ од советниците кои покажаа целосно единство во Советот по ова чувствително прашање.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина чешиново - облешевотрагедија кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции
Култура

Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции

автор: Т. Ајтовски
25 септември, 2026 12:45
0

Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница од 5 до 10 октомвриќе биде центар на смеата, сатирата и театарската уметност како домаќин на овогодишното издание на фестивалот „In...

прочитај повеќе
Над 80 отсто од жените бараат подобра јавна хигиена и јавен превоз покажува истражувањето во Виница, Делчево и Штип
Регион

Над 80 отсто од жените бараат подобра јавна хигиена и јавен превоз покажува истражувањето во Виница, Делчево и Штип

автор: Т. Ајтовски
22 септември, 2026 13:07
0

Опсежното теренско истражување во кое беа опфатени 545 жени и девојки во општините Виница,  Делчево и Штип ги покажа најкритичните локални проблеми со кои се соочуваат припадничките на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
19°C
облачно
облачно
3 m/s, E
48%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?