Под мотото „100 дена работа – со срце и душа за Кочани“, Венко Крстевски објави отчет за стоте дена работа како вршител на должноста градоначалник на Општина Кочани.
Во воведот, обраќајќи им се на своите сограѓани, тој потенцира дека првите 100 дена од мандатот како в. д. градоначалник покажуваат дека Кочани може и мора да оди напред.
– Обезбедивме над 487 милиони денари за проекти, некои веќе завршени, некои во тек – од витално значење за нашиот град. Инвестираме во инфраструктура, безбедност, социјална поддршка и развој. Со упорност и работа го поставуваме Кочани на патот на обновата и напредокот – вели Крстевски.
Објавен на 12 графички прикази, Отчетот ги содржи најзначајните проекти и активности во периодот по 14 април 2025 година.












©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






