Во ЦК „Бели мугри“ попладнево беше организирана промоција на монографијата „Костин Дол– село што постои уште само на географските карти“ од коавторите Јане Атанасов и Славица Цветкова.
Пред присутните гости во Фоајето 2, за најновото книжевно дело за живописното планинско село во Осоговија, во кое некогаш имало живот и детски џагор зборуваше промоторот Доне Донев.

Монографијата има околу 300 страници со податоци за селото, за манастирот „Свети Симеон Столпник“, за училиштето „Јоаким Крчовски“, за видни и успешни луѓе кои потекнуваат од Костин Дол, за секојдневните работи на селаните, за верските обичаи и народното творештво, за флората и фауната.
На околу 100 страници, во монографијата се поместени поголем број фамилијарни стебла, а посебен прилог во книгата е Осоговскиот речник – преглед на зборови и изрази што се користеле во ова, но и во другите села од Осоговието.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






