Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Противпожарно возило донираше Република Чешка за ТППЕ – Кочани

автор: Т. Ајтовски
10 февруари, 2026 12:17
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Противпожарно возило донираше Република Чешка за ТППЕ – Кочани

Во кругот на Територијалната противпожарна единица – Кочани,  денеска пристигна уште едно противпожарно возило што како донација го обезбеди амбасадата на Република Чешка.

Возилото од марката „татра“ има цистерна со капацитет од 10 илјади литри вода, наменски топ за распрскување и придружна опрема.

На свеченото предавање на возилото присуствувaa министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов, а чешката делегација ја предводеше амбасадорот Јарослав Лудва.

-Се заблагодарувам на амбасадата и на Владата на Република Чешка и на братскиот чешки народ. Во првите моменти по нашата катастрофа, вие и вашите медицински тимови беа рамо до рамо со нашите медицински тимови, како на републичко ниво во Скопје, така и во нашата кочанска болница. Кочани ги живее најтешките моменти во својата историја, колективната и општествената болка сѐ уште ја чувствуваме. Со оваа донација нѐ охрабрувате и ни давате сила и надеж да продолжиме понатаму и полека да се издигнеме над оваа катастрофа што нѐ снајде, истакна градоначалникот Грозданов.

-Република Чешка секогаш била блиска со македонскиот народ и  сочувствуваме со вашата болка. Сметавме дека наша одговорност е да ви помогнеме кога беше потребно, знаеме што значеше оваа трагедија за Кочани, и се обидуваме да помогнеме, како во медицинската, така и во областа на противпожарната заштита. Во вашиот град не сум првпат и убеден сум дека со новиот градоначалник ќе имаме поблиска соработка, а секако дека ова не е моја последна посета, истакна амбасадорот Лудва.

По завршувањето на административните процедури и регистрацијата, донираното противпожарно возило веднаш ќе биде ставено вои функција.

-Добивме возило „татра“ со носивост од 10 тона и ќе ни биде од големо значење во нашата единица. Ќе го користиме како втор навално возило за справување со интервенциите што ќе бидат предизвик, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Покрај обезбедувањето со возила и со потребната опрема, неопходно е да се работи и на кадровско доекипирање на ТППЕ – Кочани, со оглед што во моментот таа располага со половина од потребниот број пожарникари, а дел од нив се пред пензионирање.

 

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: република чешкатериторијална противпожарна единицатппе кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе
Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
19°C
облачно
облачно
3 m/s, E
48%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?