Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Трипуновски: Сè уште не е утврдена производната цена за оризот, за 2025 година ќе се предвидат средства за откуп за стоковите резерви

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2024 11:24
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Трипуновски: Сè уште не е утврдена производната цена за оризот, за 2025 година ќе се предвидат средства за откуп за стоковите резерви

Производната цена на оризовата арпа, којашто претставува основа за формирање на откупната цена, сè уште не е утврдена, информираше министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, при денешната посета на традиционалното рачно зажнејување во рамки на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.

Нагласи дека за да им помогне на оризопроизводителите при пласманот, државата ќе откупи дел од овогодишното производство за потребите на стоковите резерви.

-Производна цена од оваа реколта не сме утврдиле. Со заклучок на Влада е задолжена Агенцијата за стокови резерви да ги измени сите правилници, уредби и програми и да се превидат средства за 2025 година, кадешто оризот, согласно Законот за стокови резерви, ќе се откупува за чување за потребите на државата. Првичните информации се дека ќе имаме зголемен род и богата жетва, согласно на тоа и квалитетот ќе биде добар, односно рандманот ќе биде висок во однос на претходните години, истакна Трипуновски.

Во врска со поплаките од земјоделците дека поради увоз на бел ориз на залиха имаат околу пет илјади тона оризова арпа од минатогодишното производство, министерот нагласи дека не се работи за големи количини што можат да влијаат за намалување на откупните цени.

-Согласно информациите што ги добив од Државниот земоделски инспекторат нема сериозна количина увезен ориз, онаа количина што е во минимални рамки ја контролираме согласно квалитетот и безбедноста што треба да бидат запазени. Наша цел е кај оризот, но и кај сите останати култури, да работиме да го заштитиме домашното производство. Преостанатите залихи од минатата година се многу помали, во разговор со компаниите тие почнуваат да го откупуваат, а ние работиме земјоделците да имаат откупена количина ориз по рентабилна цена што ќе значи стимул за да се произведува во наредниот период, додаде министерот Трипуновски.

Во претстојниот период Министерството за земјоделство ќе следи како се одвива откупот на оризот и дали компаниите ги почитуваат сите законски норми, за да нема злоупотреба и манипулација на трудот на земјоделците.

Министерот Трипуновски нагласи дека со измена на Програмата за водостопанство се обезбедени финансиски средства за набавка на резервни делови за механизацијата што во текот на зимскиот период ќе работи на подготовка на каналската мрежа за наводнување во новата производна сезона. Во АД Водостопанство се подготвуваат одредени структурни реформи за да се зголеми неговата функционалност, затоа што имало партизирање со превработувања, не се инвестирало во системите за наводнување, а фокус бил ставан на непродуктивни трошоци.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: денови на кочанскиот оризминистерство за земјоделствооризопроизводство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари
Кочани

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
1 октомври, 2026 08:30
0

Преку проектот за воведување мерки за енергетска ефикасност и подобрување на условите во образовниот процес, основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани ќе добие нова нова, термоизолирана фасада. Вкупната...

прочитај повеќе
Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
14°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, NE
57%
770.32 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
-/13°C
чисто небо
21/11°C
чисто небо
19/8°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?