Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Депонијата кај Бели продолжува да гори, чадот и миризбата на изгорено се простира низ целата котлина

автор: Т. Ајтовски
13 август, 2024 11:08
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Депонијата кај Бели продолжува да гори, чадот и миризбата на изгорено се простира низ целата котлина

Нема позитивни промени во состојбата со запалената градска депонија кај селото Бели. Во изминатото деноноќие таа повторно се разгоре и последиците од тоа ги чувствуваат сите граѓани. Чадот што го загадува воздухот и ширењето на силна миризба од изгорени материи, повторно ја прекрија целата котлина, така што и во целосно сончев летен ден, таа изгледа како да е прекриена со магла во зима. Реакциите на граѓаните се оправдани, а фотографиите што ги испраќаат се дополнителна потврда дека потребно е брзо и соодветно дејствување од надлежните.

Најновите снимки покажуваат дека депонијата гори од сите страни, а во понеделникот попладне и во вечерните часови излегуваше црн загушлив чад, од што може да се заклучи дека не биле запалени само органски отпадоци, туку и материи со поинаков хемиски состав.

Податоците од мерната станица во Кочани на Министерството за животна средина покажуваат зголемено присуство РМ2,5 честички од околу 55 микрограми на метар кубен, што е над законски пропишаното ниво. Слична е состојбата и со присуството на азотен диоксид, кај кој нивото во изминатите денови постојано е во горната граница од над 30 микрограми на метар кубен.

Без разлика дали огнот на депонијата е намерно предизвикан од лица кои таму собираат метални отпадоци, пластични шишиња и друг отпад што се користи како секундарна суровина или пак дошло до самозапалување, факт е дека деградирањето на животната средина и лошиот квалитет на амбиенталниот воздух се случува секојдневно. Не треба голема мудрост за да се заклучи дека долгорочните последици од тоа се на штета на сите жители во регионот.

Освен тоа, купиштата ѓубре и понатаму ги дочекуваат посетителите на Пониква, додека поминуваат по регионалниот патен правец кон падините на Осоговските Планини. Најлоша е глетката на влезот и околу контејнерите поставени во непосредна близина на градската депонија. Со тоа полоша реклама за туристичките потенцијали на природниот планински амбиент не може да има.

Најдобро решение веројатно е да се најде друга локација за овие контејнери, што барем би била подалеку од погледите на минувачите. Иако тоа е само маскирање на проблемот, барем срамот од целата состојба ќе биде привидно помал.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: депонијаживотна средина

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“
Кочани

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“

автор: Т. Ајтовски
1 март, 2026 18:02
0

Во организација на здружението „Синтезис“ од Кочани, пред кафе-барот „Какао либре“, денеска се одржа базарот на рачни изработки под насловот „Кочани твори“. Настанот беше несекојдневен и значаен чекор...

прочитај повеќе
Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 16:54
0

Во Кочани денеска се одржа 38. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во клубот „Пулс“. Маршот започна од Паркот на револуцијата, по што учесниците поминаа низ...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 9, 2026 - пон
Кочани, MK
10°C
облачно
облачно
3 m/s, SE
64%
771.82 mmHg
mon03/09 tue03/10 wed03/11 thu03/12 fri03/13
облачно
11/7°C
облаци
14/6°C
чисто небо
15/6°C
чисто небо
16/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?