Во пресрет на празникот на Кочани – Петровден, вечерва во Центарот за култура „Бели мугри“ беше отворена изложбата „Иконописот во Кочани“.
На изложбата се претставени дваесетина икони со светци и сцени од Светото писмо, изработени од кочанските автори Валентин Ѓурковиќ, Лидија Тенев, Александра Димитрова и Ангел Галев.

Квалитетот и посветеноста во изработката на иконите ги воодушеви присутните на изложбата, при што авторите рекоа дека нивните дела се веќе наменети за православните храмови во регионот. Иконата на која се претставени светите апостоли Петар и Павле, токму за празникот ќе ѝ биде подарена на црквата „Св. Георгиј“ во Кочани.

Граѓаните ќе можат да ги видат изложените икони во текот на наредните седум дена во салонот Фоаје 2 на Центарот за култура.

Изложбата „Иконописот во Кочани“ е дел од годишната програма на НУ ЦК „ Бели мугри“ што се реализира со финансиска подршка од Министерството за култура и туризам.


©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






