Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Евроамбасадорот Дејвид Гир ја посети Општина Виница

автор: Т. Ајтовски
10 јули, 2024 13:08
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Евроамбасадорот Дејвид Гир ја посети Општина Виница

Амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир денеска ја посети Општина Виница, при што оствари средба со градоначалникот Миле Петков и со членовите на општинскиот Совет, на која се разговараше за економските можности и природните потенцијали со кои располага општината, како и за финансиските капацитети за реализација на тековните проекти, со посебен акцент на оние што се реализират со поддршка од ЕУ.

Евроамбасадорот Гир изрази задоволство од постигнатите резултати во развојот на локалната инфраструктура и создавањето услови за економски развој во општината.

-Од фондовите на ЕУ има определено финансиски средства за поддршка на различни проекти во Виница, а тоа пред сè ја вклучува успешната реализација на проектот за третирање на цврст отпад и на атмосферските води со колекторот на канализациската мрежа кој што треба да се поврзе со главната пречистителна станица. Исто така, проект којшто е финансиран од ЕУ е обезбедувањето услови за вдомување на ромското население тука во Виница. Со претставниците на општинскиот Совет имавме навистина многу  интересна размена на гледишта и поразговараме за геополитички прашања. Имавме можност да слушнеме од прва рака од нивна страна кои се прашањата коишто им се важни на граѓаните тука во општина Виница и за евроинтегративниот пат на Република Северна Македонија, истакна евроамбасадорот Гир.

Градоначалникот Петков изнесе подетални податоци за степенот на реализација на одредени проекти во општината, како и за проблемите околу регионалниот систем за управување со отпад, односно изградба на регионалната депонија во Источниот и Североисточниот регион.

-На средбата со амбасадорот на ЕУ разговаравме и за најновиот договор од Програмата за прекугранична соработка со Република Бугарија, со кој ќе се обезбедат европски средства за уредување на кејот на Градишка Река која што поминува низ централното градското подрачје на Виница. Овој, и другите проекти се значајни за нас затоа што не само што решаваат важни инфраструктурни проблеми на граѓаните, туку придонесуваме и кон развој на демократските процеси во самата општина, истакна Петков.

Во рамки на престојот во Виница, евроамбасадорот Дејвид Гир оствари посета на основното училиште „Славчо Стојменски“, имаше и средба со претставниците на невладините здруженија на локално ниво. Под мотото „Прашај го амбасадорот“ за попладне е предвидена дебата со граѓаните на Виница.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: делегација на еуевроамбасадоропштина виница

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции
Култура

Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции

автор: Т. Ајтовски
25 септември, 2026 12:45
0

Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница од 5 до 10 октомвриќе биде центар на смеата, сатирата и театарската уметност како домаќин на овогодишното издание на фестивалот „In...

прочитај повеќе
Над 80 отсто од жените бараат подобра јавна хигиена и јавен превоз покажува истражувањето во Виница, Делчево и Штип
Регион

Над 80 отсто од жените бараат подобра јавна хигиена и јавен превоз покажува истражувањето во Виница, Делчево и Штип

автор: Т. Ајтовски
22 септември, 2026 13:07
0

Опсежното теренско истражување во кое беа опфатени 545 жени и девојки во општините Виница,  Делчево и Штип ги покажа најкритичните локални проблеми со кои се соочуваат припадничките на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
15°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, NE
53%
770.32 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
-/15°C
чисто небо
21/10°C
чисто небо
19/8°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?