Премиерот Христијан Мицкоски вети дека Владата ќе ги преземе сите потребни чекори за да им помогне на семејствата на починатите, но и на повредените во пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани.
Во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конфренција во Владата, премиерот рече дека не сака да ги коментира барањата за финансиска помош на родителите во замена за нивните блиски кои починаа во трагедијата.
-Ние сме во постојана комуникација со дел од родителите и дел од семејствата на починатите во трагичната несреќа и како Влада ќе сториме сѐ што е во наша моќ да го олесниме животот на тие семејства, исто како што сме постојано во комуникација со дел од повредените и со семејствата на дел од повредените. Така што, сѐ што треба ќе сториме како Влада, за да го олесниме нивниот живот и нивното опоравување. Не сум добил такво барање, разговараме, има повеќе барања, тековно ги решаваме тие барања и така натаму. Ве молам да го задржиме достоинството затоа што се изгубени човечки животи и тоа да се конвертира во пари, не би сакал да одговарам на такви прашања, истакна премиерот Мицкоски.
©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






