Младите каратисти од КК „Кочани“ ги продолжуваат успесите и добрите резултати на домашните натпреварувања. На турнирот „Охрид опен“ што се одржа викендов, нашиот клуб го претставуваа 10 каратисти кои настапија во две категории и освоија вкупно 15 медали, од кои 4 златни, 6 сребрени и 5 бронзени.
Слично како и на меѓународниот турнир во Скопје, што се одржа пред една недела, и на ова натпреварување четворица каратисти на „Кочани“ се сретнаа во финалните борби за освојување медали.
Прво место и златен медал во Охрид освоија:
- Алексеј Ристов U10 -30
- Лана Ристова U10 +32
- Томислав Ристов U14 -50
- Лука Златков U14 -55
Второпласирани со сребрени медали се:
- Ана Костадинова U10 +32
- Дамјан Симеонов U12 -30
- Душанка Ристова U14 -45
- Душанка Ристова кадети -47
- Лука Златков U14 -50
- Наталија Карова U21 -50
Со бронзени медали на турнирот „Охрид опен“ се закитија:
- Алексеј Ристов U10 -35
- Илина Костадинова U12 -44
- Томислав Ристов U14 -45
- Лука Ѓоргиев кадети -63
- Лука Ѓоргиев јуниори -68
©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.





