Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Оризовите ниви во Кочанско половина месец оставени без вода, земјоделците протестираат

автор: Д. Николов
22 јуни, 2024 16:30
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Оризовите ниви во Кочанско половина месец оставени без вода, земјоделците протестираат

Земјоделските производители од кочанското село Грдовци организираа протест во оризовите ниви затоа што повеќе од половина месец нивните површини се оставени без вода.

Реагирале до водостопанската поружница „Брегалница“ во Кочани од каде им одговориле дека е добиена наредба водата да се дистрибуира за потребите на земјоделските површини кај Свети Николе.

-Оризовите полиња веќе трета недела се оставени без капка вода, ова е катастрофа, штетата ќе биде ненадоместлива. Оризот е специфична земјоделска култура која не се наводнува, туку за време на вегетацијата треба да биде целосно под вода. Токму во перидот кога најмногу му е потребна водата, растението е оставено да изгори на високите дневни температури. Во водостопанската подружница ни рекоа дека имаат наредба од централата во Скопје да пуштаат вода за земјоделците во Светиниколско. Ние не сме против тоа, но сакаме водата да се пушти и овде, толку колку што ни е ветено според планираните количини, истакна Игорчо Ангелов, оризопроизводител од Грдовци.

Земјоделците реагираат што оризот е оставен да изгори на високите дневни температури и дека тоа директно ќе влијае на малите количините и слабиот квалитет при жетвата наесен.

-Водата ја запреа за да испрскаме против плевели и да извршиме потхранување на оризот со ѓубрива, а откако таа постапка ја исполнивме наместо да биде пуштена водата во нивите, тие се оставени да се сушат. Земјата е пеплосана, а оризовото стебло е пожолтено. Џабе инвестиравме во производството кога на крајот ќе нема ништо за жнеење. Не се виновни вработените од подружницата во Кочани на кои ниту чизми не им купуваат, а имаат и само една машина за ископ на каналите , туку од АД „Водостопанство“ од Скопје треба да дојдат да видат како се мачиме. Наплатата на воднит надоместок од оризопроизводителите е 100 отсто, тие земаат плати, а ние остануваме без вода, истакна Љупчо Петров, земјоделец од Грдовци.

Од водостопанската подружница „Брегалница“ истакнаа дека хидросистемот располага со доволни количини вода и најдоцна за два дена таа повторно ќе биде пуштена во оризовите ниви.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: ад водостопанствоводостопанска подружница „брегалница“оризоризопроизводство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари
Кочани

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
1 октомври, 2026 08:30
0

Преку проектот за воведување мерки за енергетска ефикасност и подобрување на условите во образовниот процес, основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани ќе добие нова нова, термоизолирана фасада. Вкупната...

прочитај повеќе
Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
15°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, NE
55%
770.32 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
-/15°C
чисто небо
21/10°C
чисто небо
19/8°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?