Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Признанија добија најдобрите ученици во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ по повод патрониот празник, првенец на генерацијата е Матеа Глигорова

автор: Т. Ајтовски
23 мај, 2025 12:38
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Признанија добија најдобрите ученици во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ по повод патрониот празник, првенец на генерацијата е Матеа Глигорова

Вработените и учениците во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ од Кочани денеска го одбележаа патрониот празник.

Во рамки на прославата, во училишниот хол се одржа пригодна свеченост на која беа доделени признанијата за најдобрите ученици во изминатата година.

Кратко поздравно обраќање пред присутните ученици, вработени и гости имаше директорот Драјган Трајчев, кој нагласи дека одбележувањето на празникот годинава е скромно поради трагедијата што го погоди Кочани, по што повика на едноминутен молк во знак на почит кон настраданите.

-Како професор по историја, една од омилените наставни единици што ја предавав цели четири часа, беше токму посветеноста на животот, делото и значењето на светите браќа Кирил и Методиј. Денеска нема да говорам за нив, туку ќе им се обратам на оние кои ја продолжија оваа нивна мисионерска дејност, а тоа се моите колеги. Знаете дека секој ден во образованието е нов предизвик, знам дека ја работите најтешката, но и најубавата работа на светот. Доказ за тоа се овие прекрасни деца кои во текот на оваа учебна година освоија огромен број награди, со први, втори и трети места на општински, регионални и државни натпревари по математика, природни науки, информатика, англиски јазик, како и на ликовни и литературни конкурси. Ученици, продолжете така, на вистинскиот пат сте, истакна Трајчев.  

Пофалници за постигнатиот успех добија тројца ученици, а за првенец на генерацијата беше прогласена деветодделенката Матеа Глигорова.

-Наставниците од ова училиште секогаш нѐ поттикнуваа да ги следиме нашите соништа и вредно да работиме за да ги постигнеме. Секој ден поминат во ова училиште беше нова можност за учење и докажување. Зад секој ученик стојат луѓе кои веруваат во него, го поддржуваат и го бодрат. Со оваа награда завршувам едно поглавје од мојот живот, спремна да постигнувам нови успеси во наредните, истакна Глигорова.

Во рамки на прославата на патрониот празник, на споменикот на словенските просветители во дворот на училиштето што го носи нивното име, ученици, вработени и други гости положија букети свежо цвеќе. Притоа им оддадоа почит за нивниот придонес во создавањето на првата словенската азбука и за ширењето на писменоста во целиот источен регион од Европа.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: оу „св. кирил и методиј“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе
Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
19°C
облачно
облачно
3 m/s, E
48%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?