Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Родители на починатите во „Пулс“: „Ќе маршираме, не се откажуваме додека не биде задоволена правдата и не бидат казнети убијците на нашите деца“

автор: Т. Ајтовски
19 јули, 2025 20:44
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Родители на починатите во „Пулс“: „Ќе маршираме, не се откажуваме додека не биде задоволена правдата и не бидат казнети убијците на нашите деца“

Нема да се откажеме од протестите и ќе маршираме сѐ додека не биде задоволена правдата за нашите деца и затоа бараме виновниците што побрзо да бидат казнети, порачаа родителите на починатите во „Пулс“ на денешниот 15. „Марш за ангелите“.

Присутните на маршот, кои тргнаа од Паркот на Револуцијата и поминаа низ Трговскиот центар, запреа пред зградата на Општина Кочани каде упатија порака дека погрешна била намерата за одбележување на празникот Петровден со забавно-музичка програма.

-Пред четири месеци убијците во Kочани убија 62 дечиња и повредија 200 и вие организирате веселба. Кој во Кочани ќе се весели кога нема човек, односно фамилија која не ја завиена во црн? Господине градоначалник, големината на еден човек е во тоа да грешниот, па затоа ние како чесни луѓе, кои еве веќе четири месеци правиме марш секоја сабота, ви простуваме за вашата грешка, а можеби и не е ваша, можеби некој ве наговорил на ова, но вие несвесно сте го сториле ова срамно дело. И на крај, ве замолуваме да не оставите на мир и вие од СДСМ и вие од ВМРО, ние сме чесни луѓе, немојте на нашата болка и тага да си правите политички маркетинг. Оставете нѐ на  мира зашто трпението е при крај, истакна Драги Стојанов, родител чиј син единец почина во трагедијата.

Колоната се упати кон Полициската станица каде со свирежи и извици повторно беше искажано незадоволството од постапувањето на полициските службеници во критичната ноќ кога се случи пожарот.

Пред зградата на Јавното обвинителство и Основниот суд родителите на починатите деца нагласија дека очекуваат правично судење. За демантот од Владата со кој се негираше дека им било порачано да определат цена за нивните деца, мајките рекоа дека не лажат во своите тврдења.

-Ние родителите сме од крв и од месо како, што беа и нашите деца, ние се бориме за правда, не за политички партии или за било што. Значи, ако јавноста на обвинува нас или било кој од родителите, ние не лажеме. Ние сме од крв и од месо и еден ден сакаме да идеме горе, кај децата, сме тргнале по божјиот пат, како што ги учевме и нашите деца да бидат побожни, така и ние продолжуваме по божјиот пат одиме напред за да бидеме еден ден со нив во рајот. Затоа ние не лажеме, прашајте кој сакате од родителите дали имаме смелост да лажеме. Целта ни е таа, еден ден кога ќе отидеме кај нив да им речеме деца наши, благодариме што сте чеда божји и ние сме дел со вас, дека сме ја докажале правдата, а правдата како што гледам нема да излезе ништо на виделина. Секој сака само да нѐ нагази уште повеќе и да нѐ понижи како родители, истакна Габриела Наунова, мајка чија ќерка почина во „Пулс“.

-Треба да знаат дека ние не сме партиски определени, ни од СДСМ, ни од ВМРО, ни од ДУИ, ни од Левица, ни од никој. И да не нѐ препукуваат по коментарите,одете овој ќе ви даде пари, оној ќе ви даде пари, нашите деца со пари не ги враќаме, со парите ништо не се купува, пари има – децата ни ги нема. Џабе ни е сѐ на нас, на нас парите не ни требаат, ни требаа децата да ни бидат живи и здрави и прави. Благодарение на УЈП што викале дека има три врати, а тоа е една и единствена на 80 сантиметри, значи благодарение на нив, што ја плаќаат глобата на некои што ги ставаат на функции, и немој да мислат дека над мртвите деца кариера ќе градат, нема да ја градат кариерата, истакна Васка Стојанова чиј син единец почина во „Пулс“.

Пред Основниот суд во Кочани родителите уште еднаш упатија порака до судиите кои ќе го водат судскиот процес дека очекуваат правично судење и правда за своите деца.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: здружение на граѓани „16 март 2025 - кочани“трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе
Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
19°C
облачно
облачно
3 m/s, E
48%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?