Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Романот „Кајмак Стојна“ од Јован Манчевски промовиран во библиотеката „Ванчо Прке“ во Виница

автор: Т. Ајтовски
24 декември, 2024 21:52
во Култура
време на читање: 3 мин.
A A
Романот „Кајмак Стојна“ од Јован Манчевски промовиран во библиотеката „Ванчо Прке“ во Виница

Библиотеката „Ванчо Прке“ од Виница попладнево беше домаќин и организатор на промоцијата на романот „Кајмак Стојна“ од авторот Јован Манчевски, што е историско книжевно дело кое временски обработува период од владеењето на Отоманското царство на овие простори.

Во поздравното обраќање пред присутните, директорката на библиотеката Лилјана Капевска истакна дека иако примарното занимање на авторот е лекар – педијатар, во изминатите децении тој ја искажал својата љубов кон пишаниот збор преку една стихозбирка и две прозни дела, а  најновата книга ќе остане книжевен споменик за подалечното минато на македонскиот народ.

Промотор на романот беше професорката по македонски јазик, Верица Тодорова, која нагласи дека со романот „Кајмак Стојна“ авторот Манчевски успева да зачува од заборав еден дел од нашето минато, пишувајќи на јасен, прецизен и пред сѐ автентичен стил за времето во кое се случуваат настаните, почнувајќи од битисувањето, социјалните статуси, семејните односи, семејните традиции и историјата на македонскиот народ. Ајдутката Стојна го добила прекарот Кајмак затоа што била убава и стројна, но и доволно храбра да стои рамо до рамо со сите други во ајдутската дружина.

-„Кајмак Стојна“ е книга што претставува историска хроника во која авторот преку чист израз, со доза на неизвесност, го задржува вниманието на читателот. Со тоа покажува вистинско мајсторство во описот на ликовите кои се реалистични, како и многуте места, меѓу кои и неговиот роден крај. Патиштата низ кои се движат ликовите, односно ајдутските дружини, се трнливи и за нив и за историјата на македонскиот народ. Она по што е карактеристично ајдутството во романот е појавата на жени-ајдути, при што навестува дека станува збор за лик во кој е слеана сета убавина што постои, истакна Тодорова.

Упатувајќи благодарност до библиотеката „Ванчо Прке“ за промоцијата на неговото дело, авторот зборуваше за мотивот да го напише романот, како обид да даде свој придонес за историските факти.

-Од раскажувањата на мојот прадедо Јане јас имав слушнато за Стојна, но не знаев дека таа е Кајмак Стојна, иако околу моето родно место Панчарево има локалитети коишто го носат нејзиното име. Меѓутоа, читајќи го Александар Матковски, професорот по историја и неговото тритомно историско дело за отпорот во Македонија, но не оваа во денешни граници, туку за етничката, дојдов до ајдутството. Пишува дека во средината на 19 век една ајдутска дружина се движела во Осоговските Планини едно десетина години, а во тоа време имало малку ајдути, а уште помалку жени војвотки. Ја знаете Сирма Војвода, тој ја споменува и Кира од Ѓуешево, а за Кајмак Стојна стои дека имала ајдутска дружина што ја еднаш ја предводел мажот ѝ, а другпат Стојна. Исто така, беше наведено дека Кајмак Стојна е родена во село Панчарево, Кривопаланечко, а тоа мене ме изненади и си реков дека мора да е грешка, а загинала во село Црвеник, Малешевско, што исто така е грешка. Тоа ме предизвика да ја напишам книгата за да не се извртуваат фактите и да нема лаги во историјата, истакна авторот Манчевски

Промоцијата на романот на Манчевски ја збогати и женската пејачка група при Здружението на пензионери од Виница, која исполни неколку македонски староградски и патриотски напеви, како и најновата песна посветена на Виница. Покровител на настанот беше компанијата „Макпрогрес“.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: библиотека „ванчо прке“ - виницакнижевна промоција

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

„Мобилност“ најдобра меѓу рекордниот број екипи на 14. Паб квиз Кочани, специјални гости од Амбасадата на Кина со амбасадорката Џианг Сјаојен
Кочани

„Мобилност“ најдобра меѓу рекордниот број екипи на 14. Паб квиз Кочани, специјални гости од Амбасадата на Кина со амбасадорката Џианг Сјаојен

автор: Т. Ајтовски
25 септември, 2026 19:15
0

По двомесечната, летна пауза, во Кочани се одржа 14-тото издание на популарниот Паб квиз, кое постави нов рекорд со пријавени 22 екипи. Настанот имаше и посебно меѓународно значење...

прочитај повеќе
Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции
Култура

Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции

автор: Т. Ајтовски
25 септември, 2026 12:45
0

Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница од 5 до 10 октомвриќе биде центар на смеата, сатирата и театарската уметност како домаќин на овогодишното издание на фестивалот „In...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
22°C
облаци
облаци
3 m/s, E
32%
768.82 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
22/13°C
чисто небо
21/9°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/6°C
чисто небо
19/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?