Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Јавна дебата за приближувањето на државата кон ЕУ организираа Ротари клубот Кочани-Виница и Паневропската унија на Македонија

автор: Т. Ајтовски
7 март, 2025 12:00
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Јавна дебата за приближувањето на државата кон ЕУ организираа Ротари клубот Кочани-Виница и Паневропската унија на Македонија

Јавна панел дискусија на тема „Европеизација на Македонија – дали сме на добар пат?” се одржа во просториите на Прогресив академија во Виница во рамки на циклусот дебати во повеќе градови на кои ќе се дискутира за преземените иницијативи на локалните заедници за приближување на државата кон Европската Унија.

Организаторите на дебатата, Ротари клубот Кочани–Виница и Паневропската унија на Македонија, нагласија дека улогата на граѓаните и локалната заедница е еден од клучните фактори во исполнувањето на определбите за влез во европското семејство.

-Ниту една реформа, ниту едно законско прилагодување не може да ги даде очекуваните резултати ако сите граѓани активно не се вклучени во процесите. Свесни сме дека се соочуваме со огромни предизвици, наидуваме на отпор, а главните забелешки што ги слушаме се јакнење на правосудниот систем, борба против корупцијата и економска стабилност и развој. Многу важно е да прекинат политичките поделби во ситуација кога сакаме да избереме пат што е сигурен и најдобар за нашата иднина, поради што ова не е политичка дебата, туку отворен разговор и размена на мислења, ставови, проблеми и искуства, истакна Ангела Соколова, претседателка на Ротари клубот Кочани-Виница.

За важноста на поединецот и на локалната заедница за приближувањето кон европските стандарди зборуваше и претседателот на Паневропската унија на Македонија, Андреј Лепавцов, при што нагласи дека и покрај актуелните општествени и други промените во глобални рамки, државата треба да остане на зацртаните определби.

-Можеби денес поактуелен е терминот американизација, но ние ќе се држиме до нашата европеизација, затоа што тој термин кај нас е познат како нешто што е добро, нешто што е средено, нешто што им овозможува на граѓаните добар живот. Секогаш кога разговараме не само во Македонија, туку и во други држави, нашиот наратив е да наметнеме став дека секој од нас како граѓанин треба да освои личен радиус, да биде вистински европеец и да дејствува на својата средина и да ја подобри. Треба да имаме одговорност и свесност дека сите заеднички треба да работиме, да си го средиме нашиот двор, нашата улица, нашата фирма, нашата институција, нашиот град, нашата држава и тоа е позадината врз која ние и денеска разговараме, истакна Лепавцов.

Панелисти на дебатата беа Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор и министер, Љубомир Кекеновски, професор на Економскиот факултет во Скопје, Глигор Цветанов, менаџер на компанијата „Макпрогрес“ од Виница и Александар Шопов, судија во Апелациониот суд во Скопје, при што секој од својата област зборуваше за неопходните прилагодувања кон европските стандарди.

Можност за дебата со прашања и мислења имаа и присутните на панел дискусијата, кои главно се интересираа за поддршката кон државата од ЕУ, застојот на финасиската помош за исполнување на потпишаната реформска агенда, влијанието на долгото пристапување кон економскиот и друг развој.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: европска унијаротари клуб кочани - виница

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари
Кочани

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
1 октомври, 2026 08:30
0

Преку проектот за воведување мерки за енергетска ефикасност и подобрување на условите во образовниот процес, основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани ќе добие нова нова, термоизолирана фасада. Вкупната...

прочитај повеќе
Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
13°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, NE
61%
771.07 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
-/13°C
чисто небо
22/11°C
чисто небо
21/9°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?