Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

5 јуни – Светскиот ден на животната средина во Кочани се одбележува со чад од депонијатата кај Бели

автор: Т. Ајтовски
5 јуни, 2023 12:40
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
5 јуни – Светскиот ден на животната средина во Кочани се одбележува со чад од депонијатата кај Бели

5 јуни на глобално ниво се одбележува како Светски ден на животната средина, а основна цел е да се поттикнува и охрабрува населението и одговорните институции да преземаат чекори за заштита на природата и да водат грижа за планетата.

Во Кочани овој ден по ништо не се разликува од останатите во намалувањето на загадувањето на воздухот и нарушувањето на природниот баланс. Посебен придонес за тоа има интензивното чадење од депонијата кај Бели, а негативните параметри за амбиенталниот воздух во нејзината околина тешко можат да се измерат. Без позитивен резултат остануваат реакциите, протестите и апелите на жителите од селото кои    повикуваа да се преземат мерки за гаснење огнот.

Затрупувањето на отпадот со земја и третманот со морски алги, пред неколку години се покажа како вистинско решение, а чадот го снема. Во меѓувреме работите се променија и состојбата повторно е по старо.

Пред околу една година Советот на Општина Кочани донесе одлука да се набават две мерни станици за следење на загаденоста на воздухот, што беше и едно од барањата на граѓанските инцијативи за заштита на животната средина. Локалната самоуправа оваа одлука досега ја нема реализирано. Како извесна замена за тоа на последната седница побара советниците да дадат согласност за примање донација од граѓанско здружение од Скопје, кое сака да донира 5 сензори за мерење на квалитетот на воздухот. Вредноста на донацијата е 60 илјади денари. Останува дилемата дали општинскиот буџет е толку тенок за да не може да се реализира набавката на двете мерни станици.

Одбележувањето на 5 јуни во Кочани го карактеризира и одржувањето на јавната чистота што има очигледен пад, а одговорните како воопшто да не ги засегаат ни јавните поплаки на социјалните мрежи, ниту директните – кај надлежните служби. Преполнетите контејнери и корпи за отпадоци се секојдневна слика со која тие не можат да се изборат, а епитетот за најчист град се загуби и во сеќавањата на повозрасните сограѓани.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: екологијаживотна средина

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари
Кочани

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
1 октомври, 2026 08:30
0

Преку проектот за воведување мерки за енергетска ефикасност и подобрување на условите во образовниот процес, основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани ќе добие нова нова, термоизолирана фасада. Вкупната...

прочитај повеќе
Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
19°C
чисто небо
чисто небо
1 m/s, ENE
38%
768.82 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
-/16°C
чисто небо
21/10°C
чисто небо
19/8°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?