Во библиотеката „Искра“ попладнево беше промовирана стихозбирката „Мисли и размисли“ од роднокрајниот автор Атанас Георгиев.
Рецензент и промотор беше Славица Цветкова која истакна дека главниот мотив на авторот е да поттикне размислување за убавите работи, како и да ги критикува лошите нешта во окружувањето.

-Глаавната идеја за да ја создадам книгата беше моето ветување од 2021 година кога ја промовирав книгата „Жената од сончев рид“ дека наскоро ќе напишам и нова книга. Книгата „Мисли и размисли“ го поттикнува секој да размислува за своите постапки во секојдневието, властите исто така да си го стават прстот на челото и да размислат што и како прават. Книгата е поделена на три дела, а во првиот е пишуван за мојот роден крај, потоа како се свртиме во круг и за крај пишував и за љубовта, истакна Атанас Георгиев автор на стихозбирката.
Роднокрајниот автор Атанас Георгиев досега има објавено четири книги, а последната „Мисли и размисли“ ја пишувал две години. Книгата содржи четириесетина песни и дваесетина афоризми.

Промоцијата на книгата беше во организација на ЈОУБ „Искра“ и Општина Кочани, по повод 32. издание на манифестацијата „Денови на кочанскиот ориз“.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.