Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Амфенол Технолоџи Македонија“ одбележува 13 години работење со преку 3.500 вработени, нови објекти и серија донации за заедницата

автор: Т. Ајтовски
2 октомври, 2026 12:40
во Кочани
време на читање: 4 мин.
A A
„Амфенол Технолоџи Македонија“ одбележува 13 години работење со преку 3.500 вработени, нови објекти и серија донации за заедницата

Со преку 3.500 вработени, нови инвестиции во автоматизација и проширување на капацитетите, како и со серија хуманитарни и инфраструктурни донации за Кочани, компанијата „Амфенол Технолоџи Македонија“ го одбележува својот 13-ти роденден.

По тој повод, в недела, на 18 октомври во кругот на компанијата ќе се одржи целодневна прослава за вработените и нивните семејства.

Генералниот директор на компанијата, Сашко Наков, се осврна на досегашните предизвици и на остварениот развој.

-Октомври е месец кога се потсетуваме на почетоците во ‘Амфенол Технолоџи Македонија’. Во октомври 2013 ги почнавме нашите први активности и нашето производство и веќе 13 години успешно делуваме во Кочани и во овој регион. Можам со задоволство да констатирам дека веќе имаме преку 3.500 вработени, сме меѓу најголемите компании во државата и се надевам дека регионот го чувствува бенефитот од нашето присуство. Го зголемивме нашето присуство во повеќе општини, а од оваа година обезбедивме и организиран транспорт за вработените од Свети Николе и Штип со околината, рече Наков.

Говорејќи за идните планови и инвестиции, тој ја најави изградбата на новиот производствен простор и процесот на автоматизација со роботика.

-Во постапка сме за почеток на градба на нова зграда на автомобилскиот дел. Првата фаза опфаќа околу 1.600 квадрати, а веднаш потоа следи втората фаза со дополнителни 3.000 квадрати, со што за наредниот период имаме обезбедено простор, проекти и развој. Последните објекти се со високо автоматизирана опрема и роботи, каде што ни се потребни луѓе со посебни вештини и знаења. За таа цел перманентно доаѓаат експерти од Германија и Швајцарија за размена на искуства и обука за нашите луѓе, додаде Наков.

Покрај развојот на производството, генералниот директор ги истакна и општествено одговорните проекти што компанијата ги реализира за Кочани.

-Оваа година имаме одвоено сериозна сума за донации на локалната самоуправа. Меѓу другото, донираме комплетна опрема со боци со кислород за Територијалната противпожарна единица во Кочани за да можат да делуваат и во најтешки услови. Исто така, реализираме проекти за автобуски постојки, приклучен пат пред село Тркање во соработка со општината, уредување кај детската градинка, засадување на 63 садници и летниковци кај Лукоил, како и донација за Дневниот центар за лица со попреченост. Се одлучивме за повеќе донации кои претставуваат сериозна поддршка за подобрување на начинот на живот во овој регион, истакна Наков.

Наков додаде дека компанијата потпиша и меморандум за соработка со техничкото средно училиште „Гошо Викентиев“ во Кочани за практикантска работа на младите кадри, а во рамките на десетте бизнис единици се планира раст и во 2027 година.

Празничната агенда и доделувањето на јубилејните признанија ги најави Валентина Зафироска, вработена во компанијата.

-13 години заедно, 13 години успех, посветеност и раст. Во недела, на 18 октомври, компанијата ќе го одбележи својот 13-ти роденден со прослава во кругот на компанијата, исполнета со спорт, дружење и забава. Најпрвин традиционално ќе се одржи фудбалски натпревар меѓу екипите од сите производствени единици, а програмата е збогатена и со мала олимпијада. Посебно внимание ќе им биде посветено на 276 вработени кои одбележуваат 5 години јубилеј, со пригодни награди и прослава со нивните најблиски. Вечерта ќе биде посветена на големиот јубилеј за 10 години посветеност на 226 вработени кои со својот труд, енергија и време дадоа значаен придонес во развојот на компанијата. 13 години успешно работење на ‘Амфенол’ е приказна создадена од луѓето, нашите вработени, истакна Зафироска.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: амфенол технолоџи македонија

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Отворен Дневниот центар за лица со попреченост „Пролет“ во Кочани – социо-хуманитарен проект за корисниците од Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци
Кочани

Отворен Дневниот центар за лица со попреченост „Пролет“ во Кочани – социо-хуманитарен проект за корисниците од Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци

автор: Т. Ајтовски
2 октомври, 2026 12:08
0

Во Кочани почна со работа Центарот за дневен престој на лица со попреченост „Пролет“, нова меѓуопштинска социјална услуга наменета за возрасните лица со попреченост од општините Кочани, Чешиново-Облешево...

прочитај повеќе
Поставен камен-темелник на Домот за стари лица во Кочани – проект вреден 226 милиони денари и капацитет за 141 лице
Кочани

Поставен камен-темелник на Домот за стари лица во Кочани – проект вреден 226 милиони денари и капацитет за 141 лице

автор: Т. Ајтовски
2 октомври, 2026 11:42
0

Во Кочани официјално започнаа градежните работи за изградба на новиот Дом за стари лица со поставување на камен-темелник на локацијата кај Територијалната противпожарна единица, односно во поранешната армиска...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 2, 2026 - пет
Кочани, MK
21°C
облаци
облаци
2 m/s, NE
31%
770.32 mmHg
fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05 tue10/06
облаци
21/15°C
чисто небо
22/7°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/11°C
чисто небо
20/11°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?