Во просториите на Општина Чешиново-Облешево официјално беше формирано Доброволното противпожарно друштво (ДПД), со цел да биде ставено во функција на граѓаните и да придонесе за поголема безбедност и заштита на заедницата.
Формирањето на ова друштво е остварено со поддршка и помош од страна на ДПД Кочани и неговиот претседател Златко Илијев.
Во претстојниот период предвидени се активности за организација, екипирање и опремување на Друштвото, со цел создавање подготвен тим од доброволци кои ќе им служат на граѓаните.
По официјалното формирање, новоформираното ДПД Чешиново-Облешево упати јавен повик до сите заинтересирани граѓани да се приклучат и да станат дел од нивното друштво. Од друштвото истакнуваат дека ги повикуваат сите жители, без разлика на пол, вера, националност или етничка припадност, да се вклучат во заедничката мисија за помагање на сограѓаните, заштита на животите, имотот и животната средина.

Главните цели на иницијативата се градење хумана, храбра и обединета заедница во која солидарноста и пожртвуваноста немаат граници.
Сите заинтересирани граѓани и волонтери кои сакаат да се приклучат кон оваа хумана мисија можат да се пријават кај Виктор Николов на телефонскиот број 077 869 225.
©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.





