Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Грозданов: Законот мора да се почитува – очекуваме конечна разрешница за случајот со директорот во ОУ „Никола Карев“

автор: Т. Ајтовски
5 мај, 2026 12:30
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Грозданов: Законот мора да се почитува – очекуваме конечна разрешница за случајот со директорот во ОУ „Никола Карев“

Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, денеска одржа прес-конференција со цел да ја информира јавноста за тековната ситуација поврзана со барањето за разрешување на директорот на основното училиште „Никола Карев“.

Оваа реакција доаѓа по претходно одржаниот прес на советничката група „Доста беше“ од Советот на Општината.

Во своето воведно излагање, градоначалникот Грозданов нагласи дека неговата работа се темели на принципите на чесност и почитување на законите.

-Со самото стапување на функцијата градоначалник на општина Кочани се обврзав и пред вас и пред себе дека ќе работам согласно законските правила и прописи во Република Македонија и дека ќе го почитувам законот во целост. Исто така сакам да истакнам дека иако е премногу обемен самиот процес во општината, премногу ситуации се тековни, кај мене предметите не стојат во фиока, постапувам чесно, домаќински и одговорно, рече Грозданов.

Градоначалникот детално ја објасни хронологијата на настаните, потенцирајќи дека по добивањето на барањето за разрешување на 4-ти март 2026 година, веднаш била побарана консултација со стручните служби. Клучниот момент во постапката е мислењето од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК), кое пристигнало на почетокот на април.

-На 14. април Државната комисија за спречување на корупција до градоначалникот на општина Кочани достави ново известување во кое се бара градоначалникот да постапи согласно законските правила и прописи, т.е. да го разреши директорот или директорот доброволно да си даде своја оставка од функцијата која ја извршува во моментот. На 21.04 од страна на градоначалникот на општина Кочани беше испратено до директорот на општинското основно училиште Никола Карев – Кочани известување во кое се изнесува комплетното мислење од страна на Државната комисија за спречување на корупција и побарав од директорот во примерен рок сам да постапи согласно законските правила и прописи, додаде градоначалникот.

Иако одговорот бил делумно одолговлечен поради процеси на интегрална контрола, Грозданов потврди дека училишниот одбор и директорот се запознаени со барањето. Тој најави дека конечната разрешница на овој случај се очекува уште во текот на денешниот ден.

Во однос на прашањето за потенцијалниот наследник на функцијата, градоначалникот појасни дека сè уште нема конкретно име, бидејќи тоа зависи од законските процедури за избор на вршител на должност – директор.

-Новото име не го знаеме бидејќи како што ви спомнав и за ВД директор треба да биде назначен човек кој има положен директорски испит. Но во законот постои една точка која вели дека доколку во училиштето нема лице кое има положен директорски испит, за ВД директор на училиштето ќе биде назначен вработен од самото училиште, рече градоначалникот Грозданов.

Грозданов исто така напомена дека останува на самиот актуелен директор да одлучи дали ќе се повлече од директорската функција или пак ќе го заврши својот мандат како член во Советот на Општина Кочани поради правилата за неспоивост.

Советничката група „Доста беше“ утрово одржала прес-конференција на која тема бил случајот со директорот на „Никола Карев“, но КАНАЛ 8 како медиум не беше поканет. Иако од советничката група им се извиниле на медиумите затоа што последен пат наместо прес за новинарите во Кочани, одржале пред колегите во Штип, сепак очигледно е дека начинот на организирање прес-конференции сѐ уште не им е добро совладана лекција.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: влатко гроздановградоначалникопштина кочаниоу „никола карев“прес

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во Кочани се одржа првата инфо-сесија за ЕУ-грантови од 300.000 евра наменети за граѓанскиот сектор
Кочани

Во Кочани се одржа првата инфо-сесија за ЕУ-грантови од 300.000 евра наменети за граѓанскиот сектор

автор: Т. Ајтовски
15 октомври, 2026 13:56
0

Во ресторанот „Амор“ во Кочани се одржа првата информативна сесија за презентација на отворениот повик за доделување грантови за локални граѓански организации. Повикот се спроведува како дел од...

прочитај повеќе
Во библиотеката „Искра“ во Кочани отворено Холандско катче со преведени книги од холандски автори
Кочани

Во библиотеката „Искра“ во Кочани отворено Холандско катче со преведени книги од холандски автори

автор: Т. Ајтовски
14 октомври, 2026 10:54
0

Во рамките на нејзината официјална посета на Кочани, амбасадорката на Кралството Холандија, Узлем Џанел, ја посети ЈОУ библиотека „Искра“, каде што официјално беше отворено Холандско катче. Катчето е...

прочитај повеќе

„АЛФА ГРАДБА“ – ДУП КРУШАРСКО МААЛО

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 16, 2026 - пет
Кочани, MK
10°C
одвоени облаци
одвоени облаци
2 m/s, NNW
78%
767.32 mmHg
fri10/16 sat10/17 sun10/18 mon10/19 tue10/20
неколку облаци
15/6°C
облаци
15/4°C
чисто небо
16/6°C
чисто небо
17/8°C
чисто небо
16/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?