Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Јавна расправа за прибирање предлози за општинскиот буџет за 2024 година – граѓаните ги искажаа барањата, колку од нив ќе исполни Општина Кочани?

автор: Т. Ајтовски
17 октомври, 2023 14:14
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Јавна расправа за прибирање предлози за општинскиот буџет за 2024 година – граѓаните ги искажаа барањата, колку од нив ќе исполни Општина Кочани?

Општина Кочани ја одржа јавната расправа за прибирање предлози од граѓаните за креирање на општинскиот буџет за 2024 година. Таквото консултирање со јавноста е законска обврска за локалната власт при процесот на буџетско планирање.

Полната сала на Мултикултурниот центар ја покажа заинтересираноста на граѓаните јавно да ги предочат проблемите од нивната непосредна околина и да побараат што поскоро да бидат решени.

По искористената можност да бидат консултирани жителите на Кочани ќе очекуваат реконструкција на нивните улици, запирање на водата која често се излева од шахтите, пробивање на полски патишта, поредовно одржување на комуналната хигиена и слично. Повеќето од изнесените барања можеа да слушнат и на сличните јавни расправи во претходните години. Без разлика дали се во градот или во населените места на општината, тие се повторуваат со слична тематика.

-Немаме нови барања, освен да ги повторуваме истите и претходно што сме ги имале. Би нагласила едно од барањата, односно од предлозите, довршување на канализацијата. Да се најде начин, можност и средства во буџетот, затоа што тоа беше ветено и уште не е реализирано. Дел од мрежата е реализиран но уште не е во функција. Да добиеме информација кога ќе биде во функција и да се приклучуваме на неа, барем онаму каде што веќе се постави. Тоа ни е клучно барање, а следното, повторно, е обновување на водоводната мрежа. Буквално секојдневно кај нас се интервенира, а водоводната мрежа во горниот дел на селото е катастрофална. Се копа на секои десетина-петнаесет метри, застарена мрежа што тѕреба да се обнови, истакна Латинка Постолова, претседателка на Месната заедница – Тркање.

Точно по две години од преземањето на власта, актуелното општинско раководство истакна дека мислењата и барањата на граѓаните се важни за буџетското планирање. Сепак, прашање е колку од нив реално можат да се релизираат.

И покрај долгиот список инфраструктурни потреби изнесени од граѓаните на јавната расправа за новиот нацрт-буџет, малкумина од присутните отворија проблеми од поширок обем што сериозно го засегаат функционирањето во урбаната средина. На расправата останаа недопрени прашањата за Градскиот пазар, проблемот со паркирањето и катната гаража, ниту за сопственост и состојбата на Ловниот дом во Кочани, што укажува на пример за неодоговорно и лошо стопанисување на Општината со сопствениот имот. Дополнително, во никаков контекст не се спомна ниту изградбата на јужниот булеварски влез во Кочани.

На одржаната јавна расправа за планирањата на буџетот за следната година, ветувањата на општинското раководство повторно беа ставени во општата рамка – ќе се направи колку што се може.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: буџет на Општина Кочаниопштин кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари
Кочани

ОУ „Раде Кратовче“ ќе добие нова енергетски ефикасна фасада – реконструкцијата се проценува на околу 5 милиони денари

автор: Т. Ајтовски
1 октомври, 2026 08:30
0

Преку проектот за воведување мерки за енергетска ефикасност и подобрување на условите во образовниот процес, основното училиште „Раде Кратовче“ од Кочани ќе добие нова нова, термоизолирана фасада. Вкупната...

прочитај повеќе
Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука
Кочани

Горан Војновски од „Мобилност“ – Кочани ja предводеше победата за Македонија на Меѓународниот шаховски турнир за параплегичари во Бања Лука

автор: Т. Ајтовски
30 септември, 2026 09:04
0

Шаховската репрезентација на „Мобилност Македонија“ го освои првото место и големиот победнички пехар на 18. Меѓународен шаховски турнир за параплегичари што се одржа во Бања Лука, Босна и...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
21°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, E
31%
768.07 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
чисто небо
21/15°C
чисто небо
21/10°C
чисто небо
19/8°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?