Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кочани и општините во регионот немаат ниту еден инспектор за заштита и спасување, а противпожарниот персонал е преполовен

автор: Т. Ајтовски
22 септември, 2026 08:55
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Општина Кочани доби согласност да ангажира 20 пожарникари

Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) во Кочани останува без ниту еден назначен инспектор, што претставува сериозна празнина во превенцијата и контролата на заштитата од пожари на локално ниво.

Иста е состојбата и во соседните општини од Источниот регион каде што подрачните одделенија во Делчево, Штип, Радовиш и Свети Николе исто така имаат нула инспектори.

Според податоците од официјалниот ревизорски извештај на Државниот завод за ревизија (ДЗР), на ниво на целата држава дури 21 од вкупно 35 подрачни одделенија (60%) воопшто немаат инспектор. Во 2025 година се регистрирани само 14 активни инспектори, што е пад за 18% во споредба со претходниот период.

-21 подрачно одделение (60%) воопшто нема инспектор, што претставува висок ризик за ефикасноста на инспекцискиот надзор. За постигнување на задоволително ниво на покриеност со инспектори се потребни дополнителни 56 инспектори, стои во извештајот на ДЗР.

Дополнителен товар врз противпожарната заштита претставува неповолната и критична состојба во Територијалните противпожарни единици (ТППЕ) во општините. Покрај недостигот од инспекциски надзор на терен, самите оперативни единици се соочуваат со застарен возен парк и значаен дефицит на пожарникари.  Состојбата во ТППЕ – Кочани, каде што има околу 50 отсто од потребниот број професионални пожарникари доволно илустрира за каков недостиг се работи.

Дополнително, ТППЕ – Кочани, заедно со уште 12 територијални противпожарни единици од поголемите градови, имаа статус на републички сили за заштита и спасување, односно се вклучени во оперативното делување при гаснењето пожари на целата територија на државата.

Пополнетоста со оперативен кадар во противпожарните единици во регионот достигнува едвај 45% од предвидените работни места, додека просечната старост на противпожарните возила е 32 години, при што дел од возилата на терен се стари дури и до 56 години.

Недостигот од ресурси и кадар ги става сите ТППЕ во исклучително тешка положба при справувањето со комплексни шумски и урбани пожари, со оглед на тоа што финансирањето преку општинските буџети и наменските дотации е ограничено.

Поради овие дефицити, заштитата на заедниците во Кочани и регионот во голема мера останува зависна од меѓуопштинска испомош, доброволни противпожарни друштва и најавените меѓународни проекти за модернизација.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дирекција за заштита и спасувањепротивпожарна заштитатериторијална противпожарна единицатппе кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Со пренамена на средства Општина Кочани го деблокира проектот за „Јужниот булевар“
Кочани

Со пренамена на средства Општина Кочани го деблокира проектот за „Јужниот булевар“

автор: Т. Ајтовски
22 септември, 2026 16:21
0

Советот на Општина Кочани донесе одлука за измена на програмите за изградба и одржување на патишта и за уредување на градежно земјиште, со што се овозможи пренамена на...

прочитај повеќе
Од Кочани до Њујорк – успех за паметење – наградените музичари од ОМУ „Ристо Јуруков“ на прием кај градоначалникот Грозданов
Кочани

Од Кочани до Њујорк – успех за паметење – наградените музичари од ОМУ „Ристо Јуруков“ на прием кај градоначалникот Грозданов

автор: Администратор
22 септември, 2026 13:39
0

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов приреди прием за младите пијанистки, ученички во ОМУ „Ристо Јуруков“ – Кочани, Теодора Захариева, Андреа Димитрова и Надица Апостолова кои освоија највисоки...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 22, 2026 - вто
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, NNW
69%
764.32 mmHg
wed09/23 thu09/24 fri09/25 sat09/26 sun09/27
чисто небо
19/9°C
чисто небо
19/7°C
облачно
17/7°C
чисто небо
16/6°C
одвоени облаци
18/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?