Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Македонската Боречка федерација во Кочани почна едногодишен проект за обука на тренери

автор: Т. Ајтовски
1 јули, 2023 10:52
во Кочани, Спорт
време на читање: 2 мин.
A A
Македонската Боречка федерација во Кочани почна едногодишен проект за обука на тренери

Македонската Боречка федерација (БФСМ) денеска во Кочани го почна проектот „Развој на националниот спортски систем“ преку кој во наредниот едногодишен период ќе се спроведува обука за тренерите од домашните клубови.

Проектот е поддржан од Меѓународната боречка федерација (UWW) и Македонскиот олимписки комитет (МОК), а планирани се десет сесии со теоретска и практична настава.

Во обуката се вклучени претставници и тренери од 21 клуб од државата, кои ќе следат предавања од почетно до највисоко ниво, за работа со најмлади спортисти, но и со повозрасните, сениорски категории во кои веќе има врвни борачи.

– Тема на денешната прва сесија е промоција на борењето меѓу најмладите, односно како преку игра и забава тие да се запознаат и да почнат со тренинзи, а потоа да се задржат во клубовите и понатаму да се надградуваат и да напредуваат во успешни спортисти. Во наредните сесии предавањата ќе бидат за напредните категории на борачи. Посебно внимание ставаме на женското борење во кое за само три години имаме огромен развој и успеси. Потврда за тоа е што се освоени голем број медали од балканските првенства, а Вероника Рјабоволова минатата недела освои златен медал на турнирот „Јашар Доглу“ во Турција, што е натпреварување од ранг на европско првенство. Со тоа  очекувам дека за првпат ќе имаме олимписка норма во женското борење, истакна Дејан Богданов, претседател на БФСМ.

Обуката за тренерите ја спроведува бугарскиот боречки стручњак Ѓорѓи Сретков, кој е лиценциран предавач од UWW, нагласи дека македонското борење во последните години бележи голем напредок.

-Од моето досегашно искуство можам да кажам дека во споредба со боречките федерации од балканските и другите земји, македонската федерација во моментот се развива екстремно брзо, со динамично темпо, поради што веќе има докажани резултати на натпреварувањата. Добро е што тоа не ги задоволува вашите тренери и спортисти, туку продолжуваат да се развиваат и надградуваат и понатаму. Според мене, тие во моментот се број еден според темпото на развој во рамки на Меѓународната боречка федерација, истакна Сретков.

Боречкиот клуб „Спартак“ од Кочани е домаќин на обуките за тренерите, а покрај теоретската настава, ќе се спроведуваат и тренинзи во сала со младите спортисти, членови на клубот.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: бк „спартак“борењеборечка федерација на република северна македонија

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

„Персеида“ е победник на Imagine Macedonia 2026 и ќе ја претставува Македонија во Брисел, кочанскиот бенд „Немеза“ доби награда од спонзорот
Кочани

„Персеида“ е победник на Imagine Macedonia 2026 и ќе ја претставува Македонија во Брисел, кочанскиот бенд „Немеза“ доби награда од спонзорот

автор: Т. Ајтовски
10 октомври, 2026 23:14
0

Во рамки на фестивалот „Здраво Млади“ во Младинскиот културен центар во Скопје, се одржа националното финале на Imagine Macedonia 2026, во организација на Музичка младина на Македонија. За...

прочитај повеќе
Наталија Карова патува на Светското првенство во карате во Полска
Спорт

Наталија Карова патува на Светското првенство во карате во Полска

автор: Т. Ајтовски
10 октомври, 2026 11:49
0

Каратистката Наталија Карова, членка на карате клубот „Кочани“, ќе ја претставува Македонија и Кочани на претстојното Светско првенство во карате. Големиот светски собир ќе се одржи од 14...

прочитај повеќе

„АЛФА ГРАДБА“ – ДУП КРУШАРСКО МААЛО

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 11, 2026 - нед
Кочани, MK
16°C
облаци
облаци
3 m/s, NE
84%
758.31 mmHg
sun10/11 mon10/12 tue10/13 wed10/14 thu10/15
слаб дожд
19/14°C
слаб дожд
20/11°C
слаб дожд
11/7°C
слаб дожд
13/7°C
чисто небо
16/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?