Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Најдоцна во јануари ќе биде објавена тендерската постапка за изградба на Центарот за регионално управување со отпадот кај Свети Николе

автор: Т. Ајтовски
12 декември, 2023 12:30
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Најдоцна во јануари ќе биде објавена тендерската постапка за изградба на Центарот за регионално управување со отпадот кај Свети Николе

Источниот и Североисточниот регион се најнапред во државата во процесот за регионално решавање на управувањето со комуналниот отпад, за што е предвидена изградба на централна станица за негово собирање и третман.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање потврдија дека жителите од двата региона можат да очекуваат први да добијат современо решение за депонирање на отпадот и соодветна заштита на природата.

-Во финална фаза на подготовка е тендерското досие и очекуваме до крајот на годината или најдоцна во јануари да биде објавен јавниот повик за изградба на централната станица кај Свети Николе и за претоварните станици. Станува збор за финансиски пакет од околу четириесетина милиони евра, само за Источниот и Североисточниот регион. Тој опфаќа набавка на опрема, канти, контејнери и возила, што беа обезбедени пред три години, потоа затворање на општинските депонии. Првиот лот, односно првиот тендер е во фаза на имплементација, дел од депониите почнаа да се затвораат, односно отпадот од помалите се пренасочува кон поголемите депонии, сè до нивно финално затворање. Ова е прв посериозен проект за управување со отпадот во државата, а ќе продолжиме и со другите региони со новиот заем од Европската банка за обнова и развој, со што ќе бидат иофатени уште пет региони во државата, истакна Каја Шукова, министерка за животна средина и просторно планирање.

Затворањето на општинските депонии е во рамки на проектот за изградба на регионалниот Центар за управување со отпад за Источниот и Североисточниот регион што почна во октомври минатата година. Помалите локални самоуправи веќе презедоа соодветни активности со кои затворија поголем дел од нелегалните депонии на своите територии.

Паралелно со проектот за регионалните депонии во државата, неодамна од ресорното министерство информираа дека е почната иницијатива за формирање комунална полиција. Таа ќе работи на терен, а ќе треба да помогне превентивно,  но и репресивно да се менуваат навиките на населението во однос на зачувувањето на животната средина.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: министерство за животна средина и просторно планирањерегионална депонија за отпад

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции
Култура

Фестивалот на хумор и сатира „In Vinica Veritas 2026“ во Виница носи театарски претстави, изложби и промоции

автор: Т. Ајтовски
25 септември, 2026 12:45
0

Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница од 5 до 10 октомвриќе биде центар на смеата, сатирата и театарската уметност како домаќин на овогодишното издание на фестивалот „In...

прочитај повеќе
Над 80 отсто од жените бараат подобра јавна хигиена и јавен превоз покажува истражувањето во Виница, Делчево и Штип
Регион

Над 80 отсто од жените бараат подобра јавна хигиена и јавен превоз покажува истражувањето во Виница, Делчево и Штип

автор: Т. Ајтовски
22 септември, 2026 13:07
0

Опсежното теренско истражување во кое беа опфатени 545 жени и девојки во општините Виница,  Делчево и Штип ги покажа најкритичните локални проблеми со кои се соочуваат припадничките на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
окт 1, 2026 - чет
Кочани, MK
21°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, E
31%
768.07 mmHg
thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04 mon10/05
чисто небо
21/15°C
чисто небо
21/10°C
чисто небо
19/8°C
чисто небо
20/8°C
чисто небо
20/10°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?