На Државно карате првенство за сениори што се одржа во Скопје, Наталија Карова, како единствен претставник од карате клубот „Кочани“, оствари забележителен успех освојувајќи го третото место во категоријата до 50 килограми.
Во конкуренција на веќе докажани натпреварувачки на балканско, европско и светско ниво, Карова покажа исклучителна подготвеност и борбеност. Таа одработи вкупно пет одлични борби, соочувајќи се со силна конкуренција во секој настап.
Борбите беа крајно неизвесни и тесни, при што беа забележани победи, но и минимални порази со резултати од 1:0 и 1:1, со предност на прв освоен поен за противникот. Сепак, континуитетот во квалитетот на нејзиниот настап ѝ овозможи заслужено да застане на победничкиот подиум.
Овој резултат е уште една потврда дека трудот и посветеноста секогаш се исплаќаат, а освоениот бронзен медал е круна на напорната работа на Карова на татамито.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.





